Нафтената компанија „Окта“ ја зголемила нето-добивката за дури 361 процент во првите девет месеци од годинава, заработувајќи 33,5 милиони евра, наспроти 7,3 милиони евра во истиот период лани. Приходите од продажба се повеќе од двојно зголемени и достигнале речиси 937 милиони евра, главно поради зголемената продажба на домашниот и странските пазари, но и повисоките цени на горивата. Само во третиот квартал компанијата остварила добивка од 14,3 милиони евра и приходи од над 408 милиони евра. Од „Окта“ посочуваат дека подобрите финансиски резултати се должат и на користењето на продуктоводот Солун – Скопје, кој овозможил поголем обем на снабдување на регионалниот пазар. Значително влијание врз добивката имало и зголемувањето на вредноста на залихите во услови на нестабилни цени на нафтата на светските берзи.
- Астролошки пресврт: Се менува судбината на 4 знаци
- „Окта“ гази: За 9 месеци заработила чисти 33,5 милиони евра – раст на профитот за 361%
- Русија го погоди Харков: Оштетена е болница, се евакуираат над 200 пациенти, 60 повредени
- Им наплаќал на Турци за да положат испити – апсење и скандал на Универзитетот во Штип
- Сиљановска-Давкова во Брисел ќе разговара за европската иднина на регионот – Средба со Руте
- Трамп го нападна Иран пред изборите – овој потег би можел да го промени текот на војната
- Спасовски се прости од Самка Ибраимовски: „Ќе го паметам како голем борец”
- Народната банка воведе ограничувања во Алта банка: Ограничени исплатите за клиентите

