Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во близина на минхенскиот аеродром забележана дива мачка за која се сомнева дека е пума
    • Разбиен синџир за шверц со мачки – Украдени илјадници миленици за месо во Виетнам
    • Најстудено вечерва во Берово – Погледнете ги измерените температури во 23 часот
    • СЗО бара официјални информации од Русија: Истрага за смртта на научничка во Иркутск по сомневањата за белодробна чума
    • Во петок можни се пречки во мрежите и ГПС – се очекува умерена геомагнетна бура од категорија G2
    • Инцидент во рудникот „Трепча“: 63 рудари останаа заглавени под земја
    • Танкер погоден од повеќе ракети во близина на Катар – има жртви
    • Татко случајно ја усмрти тригодишната ќерка со земјоделска машина во сопствениот двор – Трагедија во Албанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски од Атлантскиот совет: Имаме план и го остваруваме

    Мицкоски од Атлантскиот совет: Имаме план и го остваруваме

    17.09.2026 во 19:402 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски, во интервју за Атлантскиот совет за време на посетата на САД, истакна дека земјата ги исполнува своите ветувања и има јасен план, при што нагласи дека до 2035 година се планира достигнување на 3,5 отсто за воени расходи и 1,5 проценти инвестиции во стратешка инфраструктура.

    Мицкоски оцени дека државата е во многу подобра форма отколку пред три години и изрази уверен став дека за три години позицијата ќе биде уште подобра. Тој се осврна и на соработката со САД, нагласувајќи дека станува збор за децениско стратешко партнерство.

    „Нашето стратешко партнерство со САД не дојде одненадеж. Тоа е децениски старо стратешко партнерство и продолжување на таа траекторија. Ние веруваме дека нашиот најсилен сојузник се Соединетите Американски Држави. Веруваме и јас и нашата Влада дека ги делиме истите вредности, а во животот, кога избирате партнер, избирате партнер. Играњето двојни игри или имањето двојни стандарди не е нешто што е посакувано за мене лично, ниту за мојата Влада. Затоа, стоењето рамо до рамо со стратешките партнери — избрани еднаш – треба да трае засекогаш. Ако го менуваме нашето мислење во зависност од дневната политика, тогаш никој нема да ви верува и никој нема да има доверба во веќе идното партнерство. Ние можеме само да го продлабочиме нашето стратешко партнерство со САД. Можеби сме мала земја, но сме со многу добра геопозиција во срцето на Балканот. Можеби сме неколку километри подалеку од морето, но сме природен крстопат на неколку многу важни проекти во регионот и во Европа, генерално. Така што, мислам дека нашето стратешко партнерство со САД ќе биде од корист за сите, не само за двете земји, туку и за регионот и за Европа“, порача премиерот.

    Разговорот е дел од иницијативата „Балканот напред“, а премиерот заедно со владината делегација продолжува со средби во Вашингтон, како и со учество на годинешното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Новата платформа на поранешни функционери е проект на Мицкоски за раситнување на опозицијата

    07.10.2026 во 22:29

    Меџити потпиша Меморандум за соработка со училиштето „Иднина“: Обезбеден превоз и услови за учениците до изградбата на новиот објект

    07.10.2026 во 21:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.