Тројца администратори назначени од Народната банка го преземаат управувањето со „Алта банка“ Битола во наредните три месеци, поради околности што можат сериозно да ја загрозат нејзината солвентност. Тие имаат рок од 21 ден да ја утврдат финансиската состојба на банката и да достават извештај до Народната банка. Во меѓувреме, остануваат ограничувањата за клиентите – граѓаните неделно можат да повлекуваат или да трошат со картички најмногу 10.000 денари, додека фирмите не можат да префрлаат пари надвор од банката. Гувернерот Трајко Славески изјави дека сопственикот од Белград е известен да ги продаде акциите, а доколку тоа не го направи, Народната банка ќе ги понуди на аукција. Од централната банка уверуваат дека „Алта банка“ продолжува со работа, а депозитите на граѓаните се осигурени до 30.000 евра.
- Ќе се бара нов газда за Алта Банка
- Фудбалер почина по сериозна несреќа на фудбалскиот терен
- Астролошки пресврт: Се менува судбината на 4 знаци
- „Окта“ гази: За 9 месеци заработила чисти 33,5 милиони евра – раст на профитот за 361%
- Русија го погоди Харков: Оштетена е болница, се евакуираат над 200 пациенти, 60 повредени
- Им наплаќал на Турци за да положат испити – апсење и скандал на Универзитетот во Штип
- Сиљановска-Давкова во Брисел ќе разговара за европската иднина на регионот – Средба со Руте
- Трамп го нападна Иран пред изборите – овој потег би можел да го промени текот на војната

