- Алта Банка АД Битола: Ликвидни сме и продолжуваме со редовно и непречено работење
- Не излегувајте без чадор: Облачно со локални врнежи од дожд
- Утре втор круг во Брвеница: Денеска гласаат болните и изнемоштените
- СДСМ: Алта банка падна, балканскиот картел се руши, ОЈО веднаш да поведе постапки против Мицкоски и Славески
- Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта Банка
- Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
- Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
- Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
Author: Author 04
Ужасна трагедија се случила во Софија, каде што шестгодишно дете било пронајдено во семејниот стан со убодни рани, додека неговиот татко бил пронајден повреден откако скокнал од станбена зграда, објавија медиумите. Првата пријава до полицијата била примена околу 11:20 часот. Директорот на СДВР, Николај Пелтеков, изјавил дека во врска со случајот биле примени вкупно четири пријави. Последните две ги поднела бабата на детето, која по враќањето дома го пронашла внукот во тешка состојба, со конвулзии и убодни рани. Во станот заедно живееле таткото, детето и бабата и дедото. Според истрагата, мажот имал историја на проблеми со дрога и алкохол и…
Предметот за осудениот Стефче Јакимовски е вратен од Врховниот суд на Република Северна Македонија на повторно постапување, откако судот донел пресуда со која претходната постапка се враќа на повторно одлучување. Поради ваквата одлука, Кривичниот суд веднаш ќе ја извести затворската установа дека осудениот се ослободува од понатамошно извршување на претходно изречената санкција. Тоа значи дека Јакимовски нема да треба да се врати на издржување на затворската казна по претходната пресуда. Тој во моментов се наоѓа на прекин на издржувањето на казната, одобрен од управата на затворот поради здравствени причини. По одлуката на Врховниот суд, предметот повторно ќе се најде пред…
Полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода В.М.(22) од Штип поради постоење основи на сомнение дека во текот на август и септември годинава на различни локации во Штип извршил шест кривични дела, информираа од МВР. Оттаму посочија дека станува збор за едно кривично дело „разбојништво“, две кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“, едно кривично дело „тешка кражба“ од моторно возило и две кривични дела „кражба“ од моторно возило. При преземањето мерки, полициските службеници пронашле и одзеле предмети кои потекнуваат од наведените кривични дела. „По целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, порачаа од…
По спроведената истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Загрозување лица под меѓународна заштита. „На обвинетиот му се става на товар дека на 15 јуни годинава, околу 12:05 часот, пред Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, со предизвикување пожар создал значителна опасност за животот и телото на лица под меѓународноправна заштита. Според дејствијата опишани во обвинението, обвинетиот претходно на бензинска пумпа во непосредна близина на Амбасадата наполнил пластично шише со бензин и се упатил кон објектот. Откако…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, ги отфрли обвинувањата од партијата Левица дека Министерството ги крие бодовите за студентските домови, нагласувајќи дека во јавноста се шират дезинформации и лажни вести. Според неа, објавени се и листите на примените и на непримените студенти со соодветни образложенија. „Жалосно е што во јавноста се шират дезинформации или таканаречени лажни вести. Апсолутно тврдам, ранг-листите се објавени на примените, но објавена е и ранг-листа на непримените со објаснување зошто не се примени“, изјави Јаневска. Таа појасни дека одбидени се студенти кои студираат седма или осма година, како и оние чии родители имаат енормно високи…
Општина Аеродром започна со изработка на проект за нов сообраќаен режим во населбите Мичурин и Стар Аеродром, кој ги опфаќа улиците „Владимир Комаров“ и „Симеон Кавракиров“. Проектот предвидува поинаква организација на движењето, воведување еднонасочни улици, нови паркинг-места и велосипедски патеки. Целта на новите решенија е подобро и поефикасно искористување на уличниот простор, поорганизирано движење на возилата и создавање дополнителни услови за велосипедистите и пешаците. Според планот, во Стар Аеродром се предвидуваат приближно 200 нови паркинг-места, додека во Мичурин се планирани 215 паркинг-места. Од Општината истакнуваат дека со овие мерки просторот ќе се збогати со нови содржини, со што ќе се…
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против С.С.(25) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. При контрола на патничко возило „мерцедес“, во кое се превезувала, полициските службеници ја забележале С.С. како низ прозорот од возилото, исфрла пакување со марихуана, која е пронајдена и одземена.
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, пет лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: Б.Р.(55) од с.Сарај, скопско, М.С.(29) од с.Петровец, скопско, И.М.(51) од с.Ранковце, Е.Е.(19) од с. Десово, прилепско и 17-годишник од с.Бузалково, велешко, кој со мотоциклот кој го управувал удрил во тригодишно дете. Две лица управувале возило со активна забрана за управување на Б категорија и тоа: Д.Б.(37) од Куманово и Б.С.(54) од Богданци, кој покрај забраната, го управувал возилото…
Вчера околу 15:00 часот во СВР Скопје, 38-годишен маж пријави дека во неговиот дом на подрачјето на Драчево, неговата сопруга Д.Р., со која бил во бракоразводна постапка, физички го нападнала, а потоа со остар предмет му упатувала закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера околу 17:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Центар, настанал пожар во задниот дел на автобус на ЈСП. Пожарот бил изгаснат од возачот и од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема, односно сите патници безбедно се симнале.
