Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, пет лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: Б.Р.(55) од с.Сарај, скопско, М.С.(29) од с.Петровец, скопско, И.М.(51) од с.Ранковце, Е.Е.(19) од с. Десово, прилепско и 17-годишник од с.Бузалково, велешко, кој со мотоциклот кој го управувал удрил во тригодишно дете.
Две лица управувале возило со активна забрана за управување на Б категорија и тоа: Д.Б.(37) од Куманово и Б.С.(54) од Богданци, кој покрај забраната, го управувал возилото и под дејство на алкохол.
Од слобода бил лишен и Ј.А. (56) од с.Дулица, општина Македонска Каменица, бидејќи возел под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
- Дојава за бомба и експлозиви во училишен ранец во Средношколскиот центар во Требиње
- Божиновска во Белград на Вториот министерски самит: Фокус на Вертикалниот гасен коридор и енергетската сигурност
- Нови детали за смртта на Марија: Го завиткал телото во ќебе и го однел во пештера
- Полска ја зајакнува одбраната: Системи „Патриот“ се упатуваат кон границата со Украина, се формираат нови воени единици
- Обвинет вработен во познат синџир на супермаркети: Направил штета од 26.000 евра давајќи попуст на купувачи
- Пратил пушка по брза пошта, таа испукала од пакетот и го повредила поштарот – Бизарен случај во Требиње
- СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?
- По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид

