- На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат
- Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
- Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
- Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места
- Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар
- ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
- Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
- Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
Author: Author 04
Ј.К. вработена во Министерството за земјоделство, е осудена на десет месеци затворска казна откако призна вина за примање мито. Случајот е поврзан со посредување при доделување средства од ИПАРД програмата. Судот одреди затворската казна да ѝ се пресметува од 5 ноември 2025 година, период од кога таа се наоѓа во мерка домашен притвор. Освен затворската казна, со судска одлука ќе бидат конфискувани и финансиски средства пронајдени кај осудената. Станува збор за сума од 8.000 евра кои беа запленети за време на полицискиот претрес. Овој предмет опфаќа поширок круг на лица инволвирани во малверзации со земјоделските фондови. „Во предметот се опфатени…
Поднесена кривична пријава против полициски службеник за сторено кривично дело „телесна повреда” Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава по итна постапка против Р.Р. (39), вработен како полициски службеник во ОЗОЛО- ЕОПРСМ при Министерството за внатрешни работи, поради основано сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда” по член 130 став 2 од КЗ, односно затоа што на 02.05.2026 физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга. Р.Р. е лишен од слобода и изведен пред судија на претходна постапка, кој му одредил мерка притвор во траење од осум дена. Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска најави нови мерки за зајакнување на безбедноста во училиштата, со посебен фокус на враќање на дежурствата на наставниот кадар во училишните простории и дворови. Јаневска посочи дека иако некои училишта веќе ја применуваат оваа пракса, таа наскоро ќе стане задолжителна за сите, со цел подобра контрола и воспитување на учениците. „Подготвивме неколку прирачници и упатства кои се дистрибуирани до самите училишта и до општините. Вчера веќе најавив дека ќе бидат задолжителни дежурствата на наставниците во училиштата – како во ходниците, така и во училишниот двор. Факт е дека тоа во некои училишта…
Поднесени кривични пријави против родителите на малолетничките што нападнаа девојче во Ѓорче Петров Денеска (05.05.2026) Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе шест кривични пријави по член 201 став 1 од КЗ (запуштање и малтретирање дете) против Е.А и А.М, Е.С., Р.С. и Р.Г., С.А., В.И. и Ѓ.И., А.Т. и Т.Т., поради тоа што малолетните деца на пријавените лица извршиле кривично дело по чл. 386 од КЗ односно поради физички напад врз 13-годишната малолетничка во Ѓорче Петров. Во врска со овој случај, на 29.04.2026 ЕВР Ѓорче Петров до ОЈО Скопје поднесе и кривична пријава…
Вчера во 08:50 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека во Медицинскиот центар Гостивар со тешки телесни повреди била примена 19-годишната А.О. од Гостивар. Инцидентот се случил додека девојката се движела по улицата „101“, кога била нападната од кучиња скитници. Во обид да избега, таа паднала и при падот се здобила со повреди. Од МВР информираат дека на местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше за ефектите од поддршката кон домашните компании, посочувајќи дека економијата бележи позитивни поместувања кои резултираат со зголемување на бројот на вработени. Според неговите податоци, во последната година се отворени над 15.000 нови работни места. „Во последните година дена се креирани повеќе од 15.000 нови работни места. И доаѓаме до една состојба којашто во моментот е околу 710.000 вработени и под 90.000 невработени, коишто се пријавени“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Тој направи подетална анализа на структурата на невработеноста, посочувајќи дека реалната бројка на оние кои бараат работа е значително помала ако се земат предвид…
Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Наташа Поповиќ, на денешната прес-конференција упати остри критики до власта по инцидентот со семејно насилство во кој е инволвиран член на обезбедувањето на премиерот Мицкоски. Од опозициската партија обвинуваат дека институциите немаат капацитет да ги заштитат граѓаните. „Уште еден скандалозен случај, човек од обезбедувањето на премиерот Мицкоски завршува во притвор за семејно насилство. Брутално ја претепал сопствената сопруга. Ова е слика на опкружувањето на Мицкоски и на една криминална Влада во која насилството е нормализирано а институциите немаат капацитет за ништо“, изјави Поповиќ. Од СДСМ истакнуваат дека одговорноста за обезбедувањето на премиерот и состојбите…
Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска упати обвинувања до Венко Филипче и СДС дека користат европска реторика како параван за национални предавства и одржување на проруски бизнис врски. Според Манасиевски, лидерот на СДС, Филипче, заедно со неговиот ментор Зоран Заев, го трасирале патот до ЕУ преку обезличување на државата. „Затоа Филипче вели дека немаат проблем да потпишуваат сѐ – уште веднаш, и да прават секакви отстапки, без притоа да има било каква гаранција за Македонија. Истовремено, СДС и Венко Филипче се претставуваат како проевропски и зборуваат за европски вредности, а одржуваат проруски врски“, изјави Манасиевски. Тој потсети…
Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец, соопштија од УХМР. Во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено во петок.
Пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на гостувањето во „24 анализа“, се осврна на состојбата со инфраструктурните проекти, и изградбата на железничката пруга на Коридор 10, при што упати критики кон Владата за доцнењата и нереалните најави. „Владата најави уште минатата година дека овој проект ќе започне ако не се лажам есента 2025 година, односно до крајот на 2025 година па потоа пролетта 2026 година. Еве веќе ќе влеземе уште малку во лето, а сега најави најавите се дека некаде во 2027 е возможно. Факт е дека владата направи грешка во чекори кога најави дека таков голем проект за којшто нема…
