Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче без намера да се извинува за случајот со министерката Божиновска: „Фактите се поткрепени со документи, ќе има одговорност“

    Филипче без намера да се извинува за случајот со министерката Божиновска: „Фактите се поткрепени со документи, ќе има одговорност“

    22.09.2026 во 12:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање во врска со министерката за енергетика Сања Божиновска, рече дека СДСМ се што има кажано е поткрепено со факти и затоа нема простор за извинување. Во одговорот, Филипче посочи и на податоците од документацијата поврзана со нејзиниот ангажман во компании во Бугарија и Хрватска.

    „Факт е дека таа работела во фирмата  којашто сега ги добила броилата и соработувала со тие луѓе во Србија. Од 2012 до 2014 година управител не вработена, управител на Руднап Бугарија. Понатаму во загребската фирма Руднап 6 ти декември 2013 година таму стои во таа документација тогаш има промена на регистрацијата и таму е идентификувана со бугарскиот пасош и сегаа која Сања Божиновска бара извинувавање? Бугарката или Македонката. Да не бара македонката за бугарката“, рече Филипче.

    Оттука, Филипче, во одговорот праша за чии интереси работи министерката Божиновска и  дали таа  е една од причините поради кои власта го одби предлогот за ограничување на можноста лица со двојни државјанства да извршуваат највисоки државни функции.

    „Министерката што има бугарски пасош што кажала дека се произнесува или произведува како кажуваат таму дека е бугарка за чии интереси работи таа жена знаеме ли? За интереси на Македонија или на Бугарија? Таа ли е една од причините зашто го одбија законот за да нема двојни државјанства највисоки државни функции, па да не знаеме за чии интереси работат овие луѓе, луѓе со двојни државјанства“, рече Филипче.

    Тој нагласи дека поради сите овие факти СДСМ нема да се извини и порача дека ќе има одговорност .

    „Нема извинување. Ние факти кажуваме. Факти, податоци ои ги има во Централните регистри на сите земји, во сите фирми. Така што нема бегање од овие работи. Извинување нема, ама ќе има одговорност и ќе дојде време кога ќе се соочат со одговорност. Да не мислат дека избегаат“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30

    Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет

    06.10.2026 во 12:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.