- На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат
- Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
- Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
- Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места
- Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар
- ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
- Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
- Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
Author: Author 04
Поради планирани технички зафати во електросистемот, утре (среда) делови од општините Кисела Вода и Шуто Оризари ќе останат без напојување со електрична енергија. Од ЕВН Македонија, информираат дека во Драчево прекинот ќе трае од 08:30 до 14:30 часот. Во овој период без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Јустинијан Први“. Истовремено, планиран е прекин и во општина Шуто Оризари кој ќе започне во 08:30 часот, а се очекува да заврши до 16:00 часот. Без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улиците „Пелагонија“, „Брсјачка Буна“ и „Индира Ганди“. Од надлежните служби посочуваат дека прекините се со цел…
Преку Франкфурт до Рим на продолжен викенд, Венко Филипче се врати во Скопје и пак во улога на партиски портпарол лие крокодилски солзи, глумејќи грижа за државата и граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Истиот тој Филипче, кој беше дел од владата на Зоран Заев, кој ја опљачка државата, ги осиромаши граѓаните, ги уништи институциите, ја опустоши економијата, го уништи стандардот на граѓаните, така што пола милион граѓани ги донесоа на просјачки стап со по 150 денари на ден и со одвај по еден оброк дневно. А, Венко Филипче, како министер за здравство во таа влада на Заев, е посебна приказна. Во…
Српската полиција го лиши од слобода 66-годишниот М.З., државјанин на Северна Македонија, под сомнение дека извршил серија тешки кражби во верски објекти. Апсењето е извршено во Нови Пазар по интензивна потрага. Како што соопшти Полициската управа во Нови Пазар, тој се товари дека во краток временски период оштетил неколку верски заедници во регионот. „Тој е осомничен дека од 29 април до 1 мај годинава крадел пари од четири џамии на територијата на Нови Пазар, Тутин и Сјеница“, стои во официјалното соопштение на српското МВР. Освен за кривичните дела, против 66-годишниот македонски државјанин ќе биде поведена и дополнителна постапка пред надлежните…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање посочи дека случајот со унгарскиот кредит отвора сериозни сомнежи и прашања кои треба да бидат предмет на интерес и на јавноста и на институциите, за тоа кој ги зел провизиите. „Станува збор за кредитот од една милијарда евра, за којашто Христијан Мицкоски кажуваше дека доаѓа од европска земја. Но, и анализите тогаш коишто ги извадивме од банките укажаа дека потеклото на парите е всушност кинеско.“, рече Филипче.Тој појасни дека ова прашање сега го актуализира новиот унгарски премиер Петар Маѓар, којшто најавува обелоденување на многу детали на коишто и на унгарската…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и О.Ф.(43) од Охрид, сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама” и „фалсификување исправа”. Во текот на 2024 и 2025 година, второпријавениот, свесно и со намера да прибави имотна корист, фалсификувал и прикажувал лажно одобрение за градење од општина Охрид за надградба на станбена зграда и се рекламирал преку свој профил на веб страна за продажба, каде што имал огласи за продажба на станови, за што земал пари од повеќе лица.
СВР Велес поднесе известување против малолетник од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.02.2026 во Неготино, полициски службеници во два наврати затекнале како малолетникот на улица фрла марихуана, амфетамин и дигитална вага, а на 27.03.2026 на влез пред основно училиште, полициски службеници извршиле преглед над малолетникот, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и амфетамин.
Пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, две лица се лишени од слобода и приведени во полициска станица На 04.05.2026 во 14:45 часот во СВР Скопје, 75-годишна жена пријавила дека на 03.05.2026 во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот син С.Ѓ. и неговата сопруга, кои оштетиле и дел од покуќнината. На 04.05.2026 во 15:45 часот во СВР Скопје, 19-годишна девојка пријавила дека на 02.05.2026 во домот на подрачјето на Кисела Вода, таа и нејзината мајка биле физички нападнати од нејзиниот татко З.Ѓ.. На 04.05.2026 во 07:05 часот во СВР Тетово, 30-годишна жена од Тетово…
Претседателот на Градската организација на СДСМ, Александар Давчевски, денеска упати критики до градоначалникот на Скопје во врска со состојбата со комуналната хигиена во главниот град. Според него, градот е претворен во депонија, а ветените решенија се покажале како популизам. „Сликата на нашето Скопје денес не бара никакви политички анализи. Сликата на Скопје денес е одвратна, смрди на распаѓање, на неспособност и на евтин предизборен популизам. Скопје е претворено во депонија, контејнерите претекуваат, ѓубрето е расфрлано по улиците и тротоарите“, изјави Давчевски. Тој јавно го запраша градоначалникот каде исчезнало неговото клучно ветување дека Скопје ќе биде исчистено во рекорден рок. „Градоначалник,…
Вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, Р.Ш.(47) од с.Елово, скопско, пријави дека во комбе во с. Елово, околу 11:00 часот, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Н.Б. кој го возел комбето (организиран превоз за ученици), а наводно поради тоа што го валкал комбето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(23) од с.Одри, тетовско, за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „предизвикување општа опасност“. На 22.05.2025, пријавениот се договорил со шест лица да се сретнат во с.Доброште за расчистување на меѓусебните односи, а откако пристигнал на договореното место со патничко возило го отворил прозорот и испукал неколку куршуми кон нив и продолжил да се движи со возилото, при што бил следен од возила во кои биле лицата, а во с. Пршовце и во с.Џепчиште А.Ј. повторно од возилото пукал со пиштол кон возилата на оштетените лица и продолжил да се движи кон Тетово.
