- Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
- Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
- Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места
- Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар
- ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
- Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
- Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
- Утре неколку скопски општини и населби ќе останат без струја
Author: Author 04
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, додека во југоисточните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Скопје се очекува слично време – променливо облачно, а претпладне во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд и слаб јужен ветер. Температурата во главниот град ќе се движи од 10 до 24 степени. Најтопло во земјава утре ќе биде во Гевгелија со максимални 26 степени, додека во Маврово температурата ќе достигне до 16 степени. УХМР најавува дека во наредните…
Денес се навршуваат 35 години од загинувањето на Сашко Гешовски, првата жртва од Македонија во конфликтот што го доведе до распадот на Југославија. Политиката на омраза, националистичка пропаганда и вештачки создадени поделби тогаш целата земја ја втурнаа во крв и во трагедија, се вели во соопштението од СДСМ. „Само со мудрите политики на Киро Глигоров Македонија се избори за независноста по мирен пат. Теориите на Милошевиќ за „домашни предавници“, „странски платеници“ и „Србија нема да се наведувва “ од една страна, и националистичките политики од другата, доведоа до војна и пропаст. Денес, Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ ја повторуваат истата опасна…
Делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од помошник министерот за односи со јавност Мухамед Исмаиљи, учествува на меѓународниот саем и конференција SAHA Expo 2026, што се одржува во Истанбул од 5 до 9 мај. Во рамки на посетата, делегацијата оствари работна средба со заменик директорот на турската полиција, Мустафа Чалишкан. На средбата беше потврдена силната и континуирана соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и турската полиција, заснована на заемна доверба и партнерство. Особен акцент беше ставен на заедничките напори во борбата против организираниот криминал, криумчарењето мигранти и справувањето со современите безбедносни предизвици. Соговорниците се согласија дека преку засилена оперативна…
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска се обрати на отворањето на Третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители, што се одржува во организација на Институтот на сметководители и овластени сметководители, под мотото „Генерација со визија – Професија со иднина“. Во своето обраќање, министерот Андоновски истакна дека дигиталната трансформација не е само технолошки процес, туку суштинска промена во начинот на кој државата, бизнисот и граѓаните комуницираат меѓу себе. Тој нагласи дека целта е помалку хартија, помалку шалтери, помалку повторување на исти податоци и значително помалку изгубено време за граѓаните и компаниите. „За бизнисот, дигиталната трансформација значи побрзи постапки, пониски…
Астролошките прилики за оваа среда, 6 мај, најавуваат динамичен ден во кој фокусот е ставен на личната среќа и подобрување на комуникацијата. Со Венера во Близнаци, „јазикот на љубовта“ станува дијалогот, додека опозицијата со Лилит буди желба за подлабоко разбирање на светот без потреба од контрола врз другите. За Овните, овој ден носи способност за интелектуален раст низ разговорите. Со Венера во Близнаци, тие слушаат со намера да учат, а не да наметнуваат мислења. Сфаќате колку е важно да немате скриена агенда, бидејќи луѓето сакаат да бидат тоа што се. Близнаците може да се соочат со коментари кои не ја…
Четири безживотни тела на мигранти и двајца тешко повредени беа пронајдени во местото Доње Прилишќе, на самата граница меѓу Хрватска и Словенија. Истрагата на хрватската полиција насочува на тоа дека жртвите се задушиле во тесен простор на комбе додека биле транспортирани од шверцери. Според информациите до кои дојде „Јутарњи лист“, во возилото немало 19 лица како што првично се мислело, туку бројката била многу поголема. „Имаше повеќе од 30, наредени како сардини…“, пренесува весникот детали од теренската истрага. Се верува дека мигрантите, меѓу кои имало државјани на Египет и Бангладеш, патувале повеќе од три часа во ужасни услови пред да…
Европските берзански индекси бележат пораст од над еден процент, додека цените на нафтата продолжуваат со падот. Овој тренд на пазарот доаѓа како резултат на зголемениот оптимизам за потенцијален крај на конфликтот меѓу САД и Иран. Според берзанските податоци од 10:00 часот, цената на суровата нафта забележа пад од 3,06 проценти и се тргува за 99,126 долари, додека нафтата од типот „Брент“ падна за 2,61 процент на 106,955 долари. Главна причина за ваквите движења е последната објава од Вашингтон. „Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави пауза во операцијата ‘Проект слобода’ околу Ормутскиот теснец, наведувајќи ‘значаен напредок’ кон сеопфатен мировен договор меѓу…
Вчеравечер, во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани, се случил обид за кражба, при што сторителот се обидел насилно да влезе во црковниот објект. Според првичните информации од луѓето што интервенирале, по неуспешниот обид за разбивање, лицето се дало во бегство, но при тоа се заглавило на металната ограда околу храмот. На местото на настанот интервенирале полициски службеници, екипа на Територијалната противпожарна единица – Кочани, како и Итната медицинска помош, со цел безбедно извлекување на лицето. Инцидентот се случил во ноќните часови, непосредно пред одбележувањето на храмовата слава на црквата „Св.великомаченик Ѓеорги Победоносец“, што утринава предизвика дополнително вознемирување и рееакции…
Ново пукање во училиште го потресе Бразил, откако 13-годишен ученик застрела двајца вработени и рани уште две лица во училиштето „Сао Хозе“ во Рио Бранко. Меѓу повредените е и 11-годишно девојче кое е рането во ногата. Локалните власти соопштија дека напаѓачот е уапсен веднаш по нападот, а приведен е и неговиот очув бидејќи пиштолот бил во негова сопственост. Полицискиот службеник Фелипе Русо појасни дека момчето влегло во зградата и испукало неколку куршуми во ходникот кон канцеларијата на директорот. По нападот, тој самиот се предал на полицијата. „Полицијата идентификувала други ученици кои можеби соработувале со напаѓачот“, додаде Русо во изјавата за…
Стравична сообраќајна несреќа со четири жртви се случи на магистралниот пат помеѓу Нови Пазар и Рашка. Во директен судир на две патнички возила, животот го загубија четири лица, додека лекарите се борат за животот на уште двајца повредени. До несреќата дошло по судир помеѓу возила „Опел Астра“ и „Фолксваген Голф 7“. Силината на ударот била со исклучително висок интензитет, што довело до фатални последици за патниците во двата автомобила. „Три лица починале на самото место на несреќата, додека четвртото лице им подлегнало на повредите подоцна во болница“, информираат службите. Двете лица кои ја преживеале несреќата се здобиле со тешки телесни…
