- ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
- Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
- Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
- Утре неколку скопски општини и населби ќе останат без струја
- Аларм на Антарктикот: Урнат зимскиот темературен рекорд, наместо снег врне дожд и тече кал
- Американскиот претседател Доналд Трамп тврди: САД сакаа да испратат оружје во Иран, но Курдите го задржаа за себе
- Крвава пресметка во кумановско: Татко и малолетник нападнале 25-годишник со нож
- Американскиот министер за финансии со предупредување: Иран ќе плати за штетите нанесени врз нашите сојузници
Author: Author 04
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изрази очекување дека Македонија ќе биде меѓу првите држави на кои ќе им биде овозможен роаминг во Европската Унија без дополнителни трошоци. Позитивни вести на оваа тема министерот најави за почетокот на јуни, на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Подгорица. Андоновски смета дека земјата е подготвена да го потпише договорот за т.н. „роаминг како дома“ поради исполнувањето на законските предуслови. „Има најава за почеток на преговори што е позитивен сигнал. Преговорите ќе се однесуваат на секоја земја поединечно и промената е таа што ќе се потпише специјален договор слично на Договорот за стабилизација и асоцијација…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска официјално го означи почетокот на тргувањето на „Пазарот во тековниот ден“ (Intraday Market), организиран од „МЕМО ДООЕЛ“ Скопје. Според премиерот, оваа платформа не е само техничка алатка, туку стратешки чекор кон европски усогласен енергетски сектор. Мицкоски истакна дека во време на глобални енергетски предизвици, обврска на државата е да создаде систем кој ќе биде сигурен и конкурентен. „Со оваа платформа добиваме поголема флексибилност во управувањето со електроенергетскиот систем, подобро балансирање и поефикасно користење на енергијата во реално време“, истакна премиерот. Тој ја нагласи улогата на националниот оператор МЕМО, посочувајќи дека со воведувањето на овој тип тргување,…
Јавен обвинител од Одделението за малолетници при Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца во Основниот кривичен суд Скопје за 4 деца во судир со законот за кои постои основано сомнение дека презеле дејствија кои во Кривичниот законик се предвидени како кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1. Малолетничките, од кои една на возраст од 17 и три на возраст од 14 години, во два одвоени настани, учествувале во дејствија на насилство кон друго 13-годишно девојче и за нив постапката се води согласно Законот за…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека во текот на оваа година нема да се одржат избори во државата. Според неговите најави, тековната 2026 година е предвидена за спроведување на клучни реформи и внатрешна консолидација. Мицкоски истакна дека неговата цел е почитување на редовниот изборен календар, што би значело излегување на гласање дури по две години. „Мојот став е дека оваа година избори нема. Оваа година е реформска и година на консолидација. Јас би сакал да имаме редовни избори кои ќе се случат во пролетта 2028 година“, истакна Мицкоски. Иако фокусот на Владата во моментов е ставен на реализација на ветените…
Јавното обвинителство денеска презентираше материјални докази од увидот во опожарениот објект „Пулс“ во Кочани. Меѓу пронајдените предмети се изгорен ресивер за активирање пиротехника, црн ранец со дополнителна опрема, батерии и неискористени пиротехнички средства. Пред Судот беше прикажан фотоалбум од 92 фотографии кои ја документираат затекнатата состојба, вклучувајќи ја внатрешноста на објектот, поставеноста на бината и решетките на прозорците. Обвинителството посочи дека во објектот биле пронајдени и три празни противпожарни апарати. „Над бината е нотирано дека имало метални конструкции и конзоли поставени на висина измерено растојание од бината до плафонот од 2,7 метри, што укажува на мала оддалеченост меѓу сценскиот дел…
ДУИ повторно го пушти стариот филм на клевети бидејќи вистината премногу ги боли. Народот вели: каде што те боли забот, таму оди јазикот. На ДУИ им пречи Изет Меџити затоа што тој, заедно со народот, ги испрати во историјата и го скрши нивниот 20-годишен монопол на уцени, велат од ВЛЕН. „Нека запомнат добро: Изет Меџити не е производ на канцелариски сплетки и милувања од Али Ахмети. Тој го црпи својот легитимитет директно од гласот на Албанците, од теренот и од секое маало во Чаир, и низ државата. Додека Изет Меџити е помеѓу својов народ, работи на проекти и води национални…
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска потпиша Меморандуми за соработка со шест високообразовни институции, со што се воспоставува нова рамка за институционална соработка меѓу Министерството и академската заедница. Кон крајот на минатата година, Министерството потпиша Меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со чии професори и академски кадар веќе е воспоставена соработка. Меморандумите имаат за цел да ја поврзат академската експертиза и научно-истражувачкиот потенцијал со реалните потреби на општините, преку заедничко делување во областите што се од надлежност на општините. „Потпишувањето на Меморандумите за соработка поттикнуваат заедничко делување во областите што се во фокус на Ресурсниот…
„Македонската култура е жива ризница на духот. Таа е светлина во фреските, ехо во каменот и трепет во народната песна. Во неа се запишани радоста и болката, копнежот и гордоста, истрајноста и вербата на многу генерации што создавале, чувале и оставале траен белег“, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков вчеравечер во своето обраќање пред концертот на Националниот џез-оркестар во Брисел во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ во Белгија. Љутков истакна дека оваа значајна културна манифестација е потврда дека културата е најмоќниот јазик за поврзување, почит и соработка меѓу народите. „Вечерва, музиката го презема зборот. Овде, во…
Швеѓанецот Олоф Францен се соочува со несекојдневен правен апсурд откако добил сообраќајна казна од 920 евра за прекршок во италијанско крајбрежно одморалиште, земја во која тој и неговиот автомобил никогаш не биле. Проблемот започнал пред две години кога шведската агенција за наплата на долгови му испратила документација која на прв поглед изгледала сосема автентично. Документите содржеле фотографии од радари за брзина, а регистарската табличка била идентична со неговата. Сепак, на сликите наместо неговиот сив Форд, се наоѓало црвено Сузуки. „Мислев дека е малку чудно бидејќи никогаш не сум бил во Италија. Многу сум бил во Шпанија, но Италија? Никогаш“, изјавил…
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција обвини дека премиерот Христијан Мицкоски инсистира на предвремени избори поради страв од меѓународни истраги. Според него, со политичките промени кај нашиот северен сосед, почнува распадот на регионалната „криминална мрежа“. „Со падот на неговиот пријател Виктор Орбан, почнува распадот на криминалната мрежа што со години ја градеа во регионот. Во Унгарија веќе се најавуваат истраги кои ќе стигнат до Мицкоски и неговиот ‘голем брат’ Вучиќ“, изјави Димитријевиќ. Од СДСМ тврдат дека под лупа ќе бидат сите бизнис шеми, вклучувајќи ја медиумската мрежа на Орбан, тендерите и енергетските бизниси. Димитријевиќ нагласи дека…
