- ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
- Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
- Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
- Утре неколку скопски општини и населби ќе останат без струја
- Аларм на Антарктикот: Урнат зимскиот темературен рекорд, наместо снег врне дожд и тече кал
- Американскиот претседател Доналд Трамп тврди: САД сакаа да испратат оружје во Иран, но Курдите го задржаа за себе
- Крвава пресметка во кумановско: Татко и малолетник нападнале 25-годишник со нож
- Американскиот министер за финансии со предупредување: Иран ќе плати за штетите нанесени врз нашите сојузници
Author: Author 04
Над 1000 сметководители и овластени сметководители од земјава и регионот, претставници на релевантни домашни институции и меѓународни организации, од академската заедница и деловниот сектор од земјава, како и студенти и средношколци, учествуваат на Третата регионална конференција, во организација на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС). Програмата на годинешната конференција, која се одржува под мотото „Генерација со визија – Професија со иднина“, вклучува повеќе панел-дискусии и тематски сесии, а фокусот е ставен на трансформацијата на професијата во услови на засилена дигитализација, новите регулаторни барања и зголемена потреба од доверба и транспарентност. Посебен акцент ќе биде ставен на улогата на младите како двигатели…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против М.У.(44) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 21.03.2026 во Кичево, по претходна расправија, пријавениот со своето патничко возило удрил во три лица и им нанел повреди.
СВР Струмица- ОВР Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе кривична пријава против А.П.(43) од Радовиш поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик. На 28.04.2026, пријавениот А.П., судски полицаец од Основен суд Радовиш, кој бил на работно место, упатил закани кон јавна обвинителка.
На 05/06.05.2026 во периодот од 21:00 до 00:30 часот во СВР Скопје, повеќе граѓани пријавиле дека во Скопје, покрај кеј на река Вардар, на подрачјата на Карпош, Ѓорче Петров и Сарај, во воздухот се чувствувала непријатна миризба на хемиски агенси. За настанот се известени јавен обвинител, комунални инспектори и инспектор за животна средина на Град Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Утрово во 09:03 часот во СВР Скопје е пријавено дека во возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки на ул.„Перо Наков” во Скопје бил пронајден починат Н.Ј.(62) од Скопје. Според пријавеното, тој починал додека го управувал возилото. Смрт констатирал лекар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Diamond Mall продолжува да се развива како динамична и современа шопинг дестинација, која постојано инвестира во збогатување на својата понуда и поквалитетно искуство за посетителите. Со јасна стратегија за развој и јакнење на својата позиција, овој влијателен трговски центар го засилува своето портфолио со нови, препознатливи меѓународни и домашни брендови.„Проширувањето на нашата понуда со нови, внимателно селектирани домашни и меѓународни брендови претставува значаен чекор во понатамошниот развој на Diamond Mall како современа и посакувана шопинг дестинација. Наш приоритет е на посетителите да им овозможиме разновиден и квалитетен избор што ги следи најновите трендови, но истовремено и пријатно искуство при секоја…
Цената на храната во месец април забележа раст од под 1 отсто во споредба со март 2026 година, покажуваат владините анализи базирани на податоците од Државниот пазарен инспекторат. Премиерот Христијан Мицкоски, во изјава по отварањето на пазарот за електрична енергија, појасни дека најголем притисок врз инфлацијата доаѓа од транспортот. „Најмногу се зголемени транспортните услуги и секако тие ќе влијаат во крајниот износ на инфлацијата за април, која очекувам да излезе деновиве“, рече Мицкоски. Премиерот направи споредба со регионот и еврозоната, посочувајќи дека во Бугарија инфлацијата е над 6%, во Хрватска околу 6%, а во Грција околу 5%. Тој изрази оптимизам…
Уставниот суд на денешната седница донесе повеќе одлуки поврзани со иницијативи за оценување на уставноста на неколку закони и подзаконски акти. Меѓу позначајните е отфрлањето на иницијативата со која се оспоруваа измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Подносителот Илија Ивановски сметаше дека е дискриминиран бидејќи живее во Србија, тврдејќи дека со законските одредби „правото му се ограничува врз основа на местото на живеење, што претставува повреда на уставно загарантираните права“. Истовремено, Судот одлучи да поведе постапка за Законот за заштита на децата, конкретно за делот кој предвидува еднократна помош само за децата родени на територијата на државата. Подносителот…
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешната прес-конференција ги покани граѓаните на традиционалниот целодневен настан „Нож и виљушка на европска чинија“, кој ќе се одржи на 9 мај во Паркот на Франкофонија, со почеток во 12 часот. Тој посочи дека станува збор за симболичен датум, Денот на Европа, кој годинава Центар го одбележува и преку оваа манифестација, во присуство на претставници на земјите членки на Европската Унија во земјава, кои се поканети на настанот. „Ова е настан што прерасна во убава традиција. Со години наназад во овој парк се дружиме, запознаваме различни култури и уживаме во гастрономија од целиот…
Членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека верно ги следи политиките на неговиот претходник Зоран Заев. Според Манасиевски, Филипче е третиот во низата по Заев и Ковачевски кој е подготвен да ги продолжи „предавничките политики“ за да ја зачува својата позиција во партијата. Манасиевски потсети на изјавата на Филипче дадена пред гробот на Гоце Делчев, каде што лидерот на СДСМ истакна дека Бугарија не го негирала македонскиот идентитет. „Тоа е истата онаа Бугарија каде официјални лица говореа дека македонскиот јазик е создаден во 1945 година…
