- МВР за акцијата во Куманово: Полицијата врши претреси за изнуда, перење пари и несовесно работење
- Андоновски се пофали: ЕУ ни даде „добар напредок“ за дигитализацијата
- Голема акција на скопскиот градоначалник: Нови 6.000 садници во главниот град
- Дел од Македонија мрзне: УХМР ги измери температурите, ова е состојбата
- „Глумел телевизија” на Фејсбук – скопјанец објавувал серии без дозвола, полицијата му влезе во траг
- Монструозно злосторство во регионот: Мајка си го убила бебето, па вината ја префрлила на 11-годишната ќерка
- Уапсен близок соработник на Александар Вулин: Буџетот оштетен за речиси 131 милион динари
- Зајкова по трагедијата во Богданци: „Со одбивањето на електронската нараквица убивте уште една жена“
Author: Author 04
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, преку објава на социјалните мрежи информираше дека е избран за нов потпретседател на СДСМ, нагласувајќи дека ја прифаќа функцијата со големо чувство на одговорност. Тој посочи дека доаѓа од локалната политика и секојдневните средби со граѓаните, истакнувајќи дека политиката се прави меѓу луѓето. Герасимовски порача дека СДСМ мора да се обедини околу заедничките принципи и социјалдемократските вредности. „Не мора секогаш да мислиме исто. Не мора секогаш да се согласуваме. Но мора да знаеме што нè спојува. А тоа се принципите, спас на државата, одбрана на социјалдемократијата и борба за достоинствен живот на граѓаните. Со…
Вчера околу 11:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Визбегово, скопско, настанал пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил два објекти во изградба. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лице нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставнички на Центарот за управување со промени – ЦУП, предводени од извршната директорка Неда Малеска-Сачмароска. Претставничките на ЦУП, најпрво ја запознаа со причините и целите на нивната иницијатива за овозможување бесплатен пристап до електронските изданија на законите и другите прописи во „Службен весник“ за сите заинтересирани, убедени дека само информиран граѓанин може да биде критичен и активен субјект. Потем, директорката ја информира дека Центарот, по темелни истражувања, подготвил два документа во коишто се анализираат правните и финансиските аспекти на отворениот пристап до online изданието на весникот. Документите, истакна таа, меѓу другото, нудат и компаративни податоци…
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во обраќањето на седницата на Централниот одбор на СДСМ, на која беше избран за потпретседател на партијата, повика на сплотеност, меѓусебна доверба и заедничка работа. „Не мора секогаш да мислиме исто. Не мора секогаш да се согласуваме. Но мора да знаеме што нè спојува. Тоа се нашите принципи, одбраната на социјалдемократијата и борбата за достоинствен живот на граѓаните“, порача Герасимовски. Тој истакна дека различното мислење не треба да биде причина за поделби, туку поттик партијата да стане посилна. Според него, првиот чекор кон враќање на довербата кај граѓаните е членовите повеќе да разговараат, да…
Министерот за надворешна работа и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк оствари средба со специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс. Главни теми на разговорите беа стабилноста, безбедноста и европската перспектива на регионот, регионалните предизвици и продлабочувањето на билатералните односи во рамките на стратешкото партнерство. Попладнево во Њујорк, на маргините на #UNGA2026, остварив средба со специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс. Во фокусот на разговорите беа стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан, актуелните регионални предизвици, како и натамошното продлабочување на односите меѓу двете земји…
Вчера во 23:15 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ј.Ј.(44) од Скопје. Според пријавеното, по претходна расправија, поради нерасчистени имотно-правни односи, во домот на неговиот сосед А.Ш.(38) од Скопје, со остар предмет го нападнал и им нанел повреди на А.Ш., неговата сопруга Ѓ.У. и на сосетката Д.Д., која се обидела да ги раздели. Во врска со настанот, приведен е и А.Ш. и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Пејачката Сузана Јовановиќ, вдовица на основачот на „Гранд“, Саша Поповиќ, во подкастот на свештеникот Предраг Поповиќ отворено проговори за животот по загубата на нејзиниот сопруг, истакнувајќи дека токму духовната поддршка од свештеникот ѝ помогнала да го надмине најтешкиот период. Гостувајќи во емисијата, таа изрази длабока благодарност, обраќајќи му се на свештеникот со зборовите: „Бог помага, отец Предраје. По сè што издржав, низ што поминав, можам да ви кажам дека сега сум добро.“ Додавајќи дека свештеникот дал клучен придонес во најлошите моменти, таа нагласи: „Му благодарам на Бога и на вашите зборови… Вие го дадовте вашиот придонес колку што беше потребно,…
Вчера во 11:45 часот во Полициското одделение Зајас, 69-годишник од кичевско село пријави дека, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот брат С.С.(66). Се работи на расчистување на случајот.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави податоците за измерените температури во 17 часот, како и максималните дневни температури за 24 септември 2026 година. Според табеларниот приказ, најниска температура во 17 часот е забележана на Попова Шапка со 9,4 степени, додека највисока измерена температура е регистрирана во Гевгелија со 23,8 степени. Во Маврови Анови и Лазарополе во терминот од 15 UTC не беа измерени вредности. Што се однесува до максималните дневни температури, највисока вредност од 25,4 степени е забележана во Гевгелија, додека најниска максимална температура од 10,6 степени е измерена на Попова Шапка. Во Скопје, на мерната станица Скопје-Петровец во…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вечерва во Охрид се обрати на отворањето на 17. Меѓународна научна конференција „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици“, во организација на Факултетот за безбедност – Скопје и со поддршка на МВР. Тој истакна дека темата на собирот ја отсликува современата реалност во која технологијата се развива со голема брзина, додека безбедносните ризици се менуваат. Според него, институциите не можат да одговорат на новите предизвици со стари решенија. ,,Темата на конференцијата многу прецизно го отсликува времето во кое живееме. Технологијата се развива со огромна брзина, безбедносните ризици се менуваат, а…
