Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
    • Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат
    • Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче
    • Од инфраструктура до енергетика: Мицкоски ги најави клучните проекти за следниот период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Горан Герасимовски е избран за потпретседател на СДСМ

    Горан Герасимовски е избран за потпретседател на СДСМ

    24.09.2026 во 21:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, преку објава на социјалните мрежи информираше дека е избран за нов потпретседател на СДСМ, нагласувајќи дека ја прифаќа функцијата со големо чувство на одговорност.

    Тој посочи дека доаѓа од локалната политика и секојдневните средби со граѓаните, истакнувајќи дека политиката се прави меѓу луѓето. Герасимовски порача дека СДСМ мора да се обедини околу заедничките принципи и социјалдемократските вредности.

    „Не мора секогаш да мислиме исто. Не мора секогаш да се согласуваме. Но мора да знаеме што нè спојува. А тоа се принципите, спас на државата, одбрана на социјалдемократијата и борба за достоинствен живот на граѓаните. Со конкретни мерки, затоа што имаме и капацитет и квалитетни кадри и храбри поддржувачи.“

    Новиот потпретседател нагласи дека различното мислење треба да ја прави партијата посилна, а довербата се гради преку работа на терен, човек со човек и општина по општина.

    „Ве уверувам и Ви ветувам, дека победата во Центар, ќе ја пресликам и промовирам и во партијата. Тоа ќе биде мојот скромен придонес, бидејќи и јас и членовите на Центар, покажавме и докажавме, дека само храбро и со срце, дојдовме до резултати“, истакна Герасимовски.

    На крајот, тој повика на сплотеност без поделби и суети, потсетувајќи дека силата на СДСМ секогаш била во луѓето.

    Прочитај повеќе

    Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет

    06.10.2026 во 12:04

    Вреди: Теарце доби јавна градинка, Куманово наскоро добива ново училиште

    06.10.2026 во 10:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.