- (ВИДЕО) Драматична акција: Штипските пожарникари спасуваа човек од запалена вила во Кадидере
- Познат идентитетот на загинатите во страотната сообраќајка на патот Градско-Прилеп
- ВМРО-ДПМНЕ: За СДС македонскиот јазик е само политички маркетинг, за нас е државна и национална обврска
- Трамп: САД повторно ќе го нападнат Иран, ќе го заземат островот Харг
- Муцунски утре ќе учествува на бизнис форум во Истанбул
- Мелони: ЕУ треба да има еден претставник за преговори со Русија
- Хорор ја стресе Македонија: 14-месечно дете се затруло од средство за чистење
- Во Владата состанок за реформската агенда
Author: Author 04
Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики до СДСМ и нивниот лидер Венко Филипче. Според него, опозициската партија е подготвена да ги редефинира македонската историја и идентитет само за да се докопа до власт. Манасиевски предупредува дека СДС и Филипче се подготвени веднаш да направат „ново национално предавство“ преку прифаќање на уставните измени, иако бугарските власти јасно ставиле до знаење дека тоа не е последниот услов за влез во ЕУ. „Бугарските власти, јасно кажаа дека уставните измени не се последниот услов кој го имаат за влез на Македонија во ЕУ. Од една страна,…
Кривичниот суд му изрече затворска казна во траење од 12 години на Стојанче Јовановски, обвинет за трагедијата во која животот го загубија неговата сопруга и нивната шестгодишна ќерка. Судскиот процес го прогласи за виновен по три кривични дела поврзани со семејно насилство и наведување на самоубиство. Јовановски се теретеше за телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста, како и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство. Случајот се однесува на кобниот 2 март годинава, кога неговата сопруга Ивана и ќерката Катја скокнаа од зграда. И покрај пресудата, обвинетиот во текот на целиот процес тврдеше дека…
Од Форумот на жени на СДСМ преку прес-конференција упатија жестоки критики до премиерот Христијан Мицкоски, квалификувајќи ја неговата последна изјава како скандалозна заштита на насилството врз жените. Розалија Ангелковска истакна дека минимизирањето на бруталното претепување на жена од страна на неговиот бодигард е поразителна порака до жртвите. „Изјавата на Христијан Мицкоски дека бруталното претепување на жена од неговиот бодигард е ‘мал престап и системот функционира’ е скандалозна, опасна и недозволива. За Мицкоски, семејното насилство и тепањето жена се ‘мал престап’. Поразителна порака до сите жени-жртви на насилство во државата“, обвинуваат од СДСМ. Според партијата, ваквиот став претставува директна заштита и…
Комитетот за транспорт и туризам на Европскиот парламент усвои измени на законот за техничката состојба на возилата што воведуваат големи промени на пазарот на половни автомобили, објави канцеларијата на европратеничката Билјана Борзан. Со овој амандман, купувачите ќе можат да бидат сигурни дека километражата на половни автомобили е точна. „Предупредувам за измами со километража веќе неколку години. Истражувањата покажаа дека речиси половина од половни автомобили што се продаваат преку границите имаат манипулирана километража. Според некои проценки, штетата за купувачот може да биде околу 10.000 евра, а штетата за граѓаните на ЕУ е околу 9 милијарди евра годишно. Ова е голем проблем…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска порача дека државата во моментов не е подготвена да преземе чекори кон уставни измени. На заедничката прес-конференција со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, Муцунски истакна дека постои сериозен недостиг на доверба во однос на меѓународните испораки кон земјава. „Во однос на билатералните односи со Бугарија, сакам да бидам кристално јасен. Во овој контекст нашата држава не е подготвена за уставни измени. Има недостиг на доверба и недостиг на кредибилитет во однос на испораката кон нас како држава, така што во овој момент услови за уставни измени нема…
ДУИ повторно лаже, манипулира и ја потценува јавноста, велат од ВЛЕН. „Најевтината понуда ја претставуваат како корупција, затоа што не можат да се помират дека МЕПСО повеќе не е нивна партиска каса. Фактите се јасни: во конкретната постапка избрана е најевтината понуда. Избраниот понудувач дал цена од 184.535 денари без ДДВ, додека следнорангираната понуда била 651.165 денари без ДДВ. Разликата е 466.630 денари, односно избраната понуда е околу 72 проценти пониска. Што точно ѝ пречи на ДУИ? Тоа што е избрана најевтината понуда? Или тоа што повеќе не можат тие да одлучуваат кој ќе добива тендери? ДУИ намерно ја меша…
Цените на нафтата на светскиот пазар денеска повторно се во центарот на вниманието поради растечките стравувања од нова енергетска криза. Тензиите на Блискиот Исток директно влијаат врз берзите, каде нафтата „Брент“ се тргува меѓу 100 и 102 долари за барел, додека американската сурова нафта (WTI) се движи од 94 до 95 долари. Пазарот покажува огромна нестабилност. Во изминатите денови цената на „Брент“ во еден момент се искачи над 114 долари, за нагло да падне по шпекулациите за можен договор меѓу САД и Иран. Аналитичарите предупредуваат дека пазарот е исклучително чувствителен на воени и политички вести од Персискиот Залив. Најголемиот страв…
Македонија влегува во период на нестабилно време под влијание на атмосферски фронт кој доаѓа од Алпите. Од денес (четврток), па сè до крајот на неделата, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат поинтензивни во текот на утрешниот ден. Локално се очекува нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Постојат услови и за појава на невреме со електрични празнења и град. Според прогнозите, се очекува локално да наврнат над 20 литри дожд на метар квадратен. Во Скопје и околината се очекува слично време со повремени врнежи, додека во делови од котлината ќе има…
Сексуалното насилство и силувањата во Европската Унија бележат константен и загрижувачки раст во последната деценија, покажуваат најновите податоци на Евростат. Во 2024 година, во ЕУ се регистрирани рекордни 256.302 кривични дела поврзани со сексуално насилство, што е зголемување за 5% во однос на претходната година. Во Македонија, бројот на евидентирани дела во 2024 година изнесува 131, од кои 31 се силувања. Иако бројката е за само еден случај поголема од 2023 година, долгорочната статистика покажува дека рекордот во земјава е забележан во 2013 година со 151 регистриран случај. Трендови во Европа Анализата на последната деценија (2014-2024) открива фрапантни податоци: сексуалното…
Во емисијата „Анализа“ на телевизија 24 гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, кој истакна дека годинава нема да има предвремени парламентарни избори, односно дека ВМРО-ДПМНЕ се стреми за редовни избори во 2028 година и дека приоритет остануваат реформите, евроинтеграциите и реализацијата на проекти ветени пред граѓаните. „Оваа година нема да има дефинитивно предвремени парламентарни избори, бидејќи оваа година ни е реформска година каде што ние и пред граѓаните и пред европската јавност треба да испорачаме она што сме ветиле пред граѓаните и она што сме се обврзале кон нашите европски партнери во делот на евроинтеграциите односно реформската агенда.…
