Author: Author 04

Македонија бележи забрзан раст на инсталираните капацитети од обновливи извори кој ги надминува плановите, потврдено од Секретаријатот на Енергетската заедница. Информацијата ја објави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, истакнувајќи дека со задржување на тековните напори земјата сигурно ѓи остварува целите за 2030 година. Според нејзината објава на социјалните мрежи, националната цел за крајот на деценијата е достигање на 38 отсто удел на зелена енергија во бруто финалната потрошувачка. „Продолжуваме со развој на домашното производство на чиста енергија,“ порача министерката.

Повеќе

Денеска (25.09.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со директорот на Царинската управа Бобан Николовски, ги поздрави учесниците и додели дел од сертификатите на учесниците на втората обука во рамки на Регионалната програма за сертификација на водичи на службени кучиња за мириси на производи за 2026 година. Во своето обраќање, Јанев истакна дека обуката е многу повеќе од стекнување нови знаења и вештини, бидејќи претставува пример како заедништвото, регионалната соработка и размената на искуства придонесуваат за посилна и поподготвена полиција. „Службените кучиња и нивните водичи се важен дел од полициското работење во откривањето дрога, оружје, експлозиви и…

Повеќе

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, рече дека процесот на евро-интеграција трае надвор од секој разумен временски рок и ја повика Европската Унија да обезбеди предвидливост и почитување на правилата. „Нашата историја нѐ научи дека меѓународните компромиси се многу тешки и дека мирот, стабилноста и интеграцијата бараат политичка храброст и големи жртви. И без намера да звучам поучувачки, ако некој сака да види пример за земја што повеќепати се откажувала од нешто што природно ѝ припаѓа како основно право — нешто што многумина го земаат здраво за готово — доволно…

Повеќе

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк ги претстави трите главни стратешки определби на државата. „Македонските граѓани знаат каде припаѓаат. Ние сме сојузник во НАТО. Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер. Полноправното членство во Европската Унија е наша стратешка определба. Тоа не се три одвоени политики. Тоа е една геополитичка ориентација, втемелена врз демократијата, колективната безбедност, владеењето на правото и отворената економија. Во време на неизвесност, нашиот одговор не е стратешка двосмисленост. Нашиот одговор е јасност,“ истакна премиерот Мицкоски на 81. Генерално собрание на ОН. Тој нагласи дека јасноста во…

Повеќе

Ниските температури, особено оние под нулата што беа измерени деновиве на некои повисоки места (Демир Хисар, Берово, Делчево, од -0,8 до -2,3 степени), може да предизвикаат сериозни штети во земјоделството, предупредуваат агрометеоролозите и апелираат, производителите итно да ги соберат сите дозреани плодови на отворено, ако сакаат да го спасат родот. На удар се, велат, пиперката, доматот и компирот, како и доцните сорти грозје. „Температурите под нулата во овој дел од септември претставуваат ран есенски мраз кој може да предизвика сериозни штети кај културите кои сè уште се во активна вегетација. Влијаат врз зеленчукот и овошјето кои сè уште не се…

Повеќе

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен акт против вкупно шест лица за сторено кривично дело „Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 264 од Кривичниот законик. Според обвинението, управител на градежна фирма од Велешта, како инвеститор и изведувач, и покрај обврската да изготви идеен проект со строго утврден начин за уривање поради близината со заштитената стара струшка куќа на Владо Малески, изработил само основен проект. При ископувањето со багер за новата градба, тој го поткопал заедничкиот преграден ѕид, што предизвикало дестабилизација и уривање на културното наследство на 15.10.2025 година на улицата…

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави официјалните податоци за временските прилики ширум државата за 25.09.2026 година. Според табеларниот приказ со податоци за измерената температура во 17 часот (15 часот UTC), максималните дневни температури и количините на врнежи, најстудено било на Попова Шапка со измерени 4,5 степени и температура во 17 часот од 4,5 степени, додека највисока температура е регистрирана во Гевгелија каде максимумот достигнувал 23,2 степени, а температурата во 17 часот изнесувала 21,9 степени. Во Скопје, на мерната станица Зајчев Рид, температурата во 17 часот изнесувала 16,3 степени со максимална температура од 17,7 степени, додека на Скопје-Петровец максималната температура…

Повеќе

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит и тоа: О.М.(26) и С.Н.(30), двајцата од Скопје, Д.К.(26) од с.Јурумлери, скопско, 17-годишник од с.Студеничани, скопско, К.Д.(47) од Гостивар, А.С.(18) од Неготино, М.К.(46) од Гевгелија, Б.П.(36) од Прилеп и К.Д.(48) од Битола. Додека, пак, Ј.Т.(36) од с.Виничани, Општина Градско, управувал моторно возило под дејство на алкохол, а Ф.Г.(20) од Кочани управувал моторно возило со активна забрана. По целосно документирање на случаите,…

Повеќе

Во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.А.(44), М.Љ.(20), Х.Х.(37), С.С.(29), М.С.(40), Б.Б.(32), 22-годишната М.М. и 16-годишна малолетничка, сите од Скопје, како и Р.А.(47) од с.Арачиново, скопско, А.Ч.(27) и Т.Е.(23) двајцата од Турција, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, бела прашкаста и бела грутчеста материја. На 24.09.2026 во 12:00 часот на место викано „Три багреми” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода А.А.(45), Е.А.(46) и Н.А.(19), сите од Прилеп, затоа што при преглед кај нив, кај А.А.…

Повеќе

На маргините на 81. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати на настан во рамките на Глобалната платформа за регулаторни иновации (GRIP), организиран од Генералниот секретаријат на Кабинетот на Обединетите Арапски Емирати и Светскиот економски форум. Глобалната платформа е заедничка иницијатива на ОАЕ и Светскиот економски форум, насочена кон развој на современи и флексибилни регулаторни пристапи во услови на забрзан технолошки развој. Во своето обраќање, министерот Муцунски се осврна на предизвиците што брзиот развој на новите технологии, особено вештачката интелигенција, ги поставува пред институциите, регулаторните системи и…

Повеќе