Author: Author 04

Градоначалникот на Општина Радовиш, Љупче Почивалец, презентираше отчет за реализираните активности, проекти и иницијативи во изминатиот период, истакнувајќи дека фокусот на локалната самоуправа е насочен кон подобрување на условите за живеење, инфраструктурата и локалниот економски развој. Во делот на инфраструктурата, Почивалец ги наведе завршувањето на улицата „Ванчо Прке“, завршните фази на Градскиот пазар, мултифункционалниот простор во Стоковната куќа, Домот на културата „Ацо Караманов“, како и регулациите на Ораовичка Река и поројот во село Воиславци. Исто така, обезбедени се средства за имотно-правни работи за градски базен, а набавена е нова опрема за противпожарната единица (ТППЕ Радовиш), вклучувајќи противпожарно возило и теренско…

Повеќе

Венко Филипче, како дел од раководството на СДС, се противи на секаков економски раст, инвестиции и реално зголемување на минималната плата, соопшти владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ преку реакцијата на пратеникот Бране Петрушевски. Од партијата истакнуваат дека Филипче во минатото, за време на неговиот министерски мандат, бил поврзан со сомнителни тендери во здравството за вакцини и проекти за клинички центар, како и со обиди за приватизација во здравствениот сектор. Дополнително, во соопштението се потсетува на трагедиите и починатите за време на пандемијата, како и на случајот со модуларната болница во Тетово. „Филипче по сето ова, многу е јасно дека не може реално…

Повеќе

Бугарските власти не дозволиле влез на пратка со повеќе од два тона кисело млеко од Македонија поради несовпаѓање во придружната документација. Пратката била запрена на граничниот премин Ѓуешево при контрола од инспектори на Бугарската агенција за безбедност на храната. Станувало збор за вкупно 576 картони, од кои секој содржел по 20 пакувања кисело млеко. Според информациите на бугарската Агенција, при проверката било утврдено несовпаѓање меѓу податоците наведени во придружниот сертификат и ознаките на самите пакувања. Поради тоа, производите не добиле дозвола за влез во Бугарија и истиот ден биле вратени кај испраќачот. Од Агенцијата нагласиле дека граничните контроли се спроведуваат…

Повеќе

Ноќеска пет минути по полноќ, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Х.Ф. (41) од Гостивар, откако претходно било пријавено дека во семејниот дом, под дејство на алкохол, агресивно се однесувал кон неговата 63-годишна мајка. Според пријавеното, тој фрлал остри и други предмети од покуќнината кон неа, при што ѝ нанел повреди. Х.Ф. бил задржан во полициска станица, а при преземањето на мерките кај него било измерено присуство од 1,54 промили алкохол во крвта. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање во врска со министерката за енергетика Сања Божиновска, рече дека СДСМ се што има кажано е поткрепено со факти и затоа нема простор за извинување. Во одговорот, Филипче посочи и на податоците од документацијата поврзана со нејзиниот ангажман во компании во Бугарија и Хрватска. „Факт е дека таа работела во фирмата којашто сега ги добила броилата и соработувала со тие луѓе во Србија. Од 2012 до 2014 година управител не вработена, управител на Руднап Бугарија. Понатаму во загребската фирма Руднап 6 ти декември 2013 година таму стои во таа…

Повеќе

Вчера во 23:15 часот во ОВР Гостивар, Ј.А. (45) од Равен пријавила дека нејзиниот сопруг А.А. (60) околу 7 часот заминал на работа во Гостивар, но не се вратил дома и не одговарал на телефонските повици. По преземените мерки и активности, во 00:20 часот на 22 септември А.А. бил пронајден починат на фудбалскиот стадион во селото. Во негова непосредна близина била пронајдена моторна пила. Смртта ја констатирал лекар од Ургентниот центар во Гостивар, по што на местото бил извршен увид од јавен обвинител, лекар по судска медицина, увидна екипа од ОВР Гостивар и екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар. За…

Повеќе

Вчера во 20 часот, на улицата „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Ц. (27) од Тетово и К.З. (31) од село Боговиње, со престој во Тетово. Двете лица биле задржани во полициска станица, а истата вечер, врз основа на наредба од Основниот суд Тетово, бил извршен претрес во домот и помошните простории на К.З. во Тетово. При претресот биле одземени еден куршум и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Повеќе

 Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е во работна посета на Соединетите Американски Држави (САД), каде што ќе учествува на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“ (Sustainable Development Impact Meetings 2026), организирани од Светскиот економски форум.Министерката ќе учествува на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“.На сесијата ќе се дискутира за предизвиците и можностите за економски раст во новите глобални услови, со посебен фокус на енергетската сигурност, инвестициите, одржливоста и конкурентноста.

Повеќе

По средбите со стотици земјоделци низ државата и врз основа на нивните реални потреби, СДСМ поднесе Предлог-закон за директна финансиска поддршка на најпогодените земјоделци, соопшти претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. „Бевме на терен кај лозарите, сточарите, млекопроизводителите, оризопроизводителите и производителите на пиперка. Ги слушнавме нивните проблеми и врз основа на тоа што навистина им е потребно го подготвивме овој Предлог-закон. Ова е конкретна, директна и навремена помош“, рече Филипче. Со Предлог-законот се обезбедува финансиска поддршка за лозарите од осум денари за секој килограм произведено и продадено грозје од сортите Вранец и Кратошија. За лозарите кои нема да успеат да…

Повеќе

Младиот пејач Горан Максимовиќ (26) загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила околу 6:20 часот наутро во местото Слатина кај Шабац, додека две лица кои биле со него во возилото се итно префрлени во болница со тешки повреди, дознава Telegraf.rs. Според првичните информации, несреќата се случила кога автомобилот под засега неутврдени околности со голема брзина излетал од патот, при што тројца патници останале заробени. Очевидци успеале да извлечат едно лице и да му помогнат пред да пристигнат спасувачите. Противпожарната единица од Шабац пристигнала на местото за само 12 минути. Со користење на специјален хидрауличен алат, пожарникарите го сечеле смачканиот…

Повеќе