- Дурмиши ги повика компаниите да аплицираат за државна поддршка: Рокот е до 15 јуни
- Трагедија на експресниот пат Прилеп – Градско: Две лица загинаа, едно во тешка состојба
- Од утре започнуваат електронските уписи во средните училишта: Еве ги клучните датуми и рокови
- Ѓорѓиевски од ЗЕЛС: Бараме најмалку 10% од ДДВ и 50% од персоналниот данок за општините
- Возеле без дозвола низ Скопје, Прилеп и Крива Паланка – приведени седум возачи
- Тепање сопруги, нападнат татко со нож и демнење – две лица лишени од слобода од вкупно шест пријави за семејно насилство
- Крвава пресметка во кумановско Романовце: 25-годишник избоден од двајца сограѓани, меѓу кои еден е малолетник
- Ужас во Куманово: Бебе од 14 месеци се затруло со средство за чистење, полицијата врши увид
Author: Author 04
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на свеченото отворање на првата сезона на „Плазма спортските игри за млади“. Манифестацијата, која важи за најголем спортско-аматерски настан за млади во Европа, ќе започне точно во 12:00 часот на Плоштадот „Македонија“ во Скопје. По завршување на официјалниот дел, предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за претставниците на медиумите. На настанот ќе присуствуваат високи државни претставници, амбасадори и спортски легенди. Покрај премиерот, најавени се обраќања и на министерот за спорт Борко Ристовски, градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, како и на првите луѓе на Игрите…
Денеска територијата на Македонија ќе биде под влијание на облачна маса која ќе донесе врнежи од дожд во повеќе региони. Според метеоролошките прогнози, на одредени места времето ќе биде нестабилно, со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Постојат услови овие процеси краткотрајно да се развијат во форма на невреме. Температурниот опсег ќе се движи од минимални 5 до максимални 21 степен во текот на денот. Во Скопје се очекува слично време – претежно облачно со повремени врнежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на грмежи и засилен ветер, со максимална температура до 20 степени. Што…
Денеска во 14:48 часот во СВР Штип било пријавено дека во стан во Штип било пронајдено починато женско лице. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за У.Е.(20), државјанка на Република Турција, информираа од МВР. Увид врши екипа на СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во рамки на официјалната посета на Словачка, денеска одржа работен состанок со својот колега Ладислав Каменицки. Во фокусот на разговорите беше дигитализацијата на даночните процеси, при што министерката најави дека системот за е-фактура во Македонија ќе биде целосно имплементиран до крајот на оваа година. Димитриеска-Кочоска истакна дека Словачка е значаен пример за тоа како технологијата може да ги сопре даночното затајување и сивата економија преку алатки како е-фискализација и QR плаќања. „Нашиот фокус е јасен – стабилни јавни финансии и дигитализација на услугите. Искуствата од Словачка како земја членка на ЕУ се од суштинско значење…
Европската Унија има намера да им каже на авиокомпаниите дека последиците од војната со Иран врз туризмот не се доволно сериозни за да оправдаат вонредни мерки, како што е укинување на обврската на превозниците да плаќаат надомест за откажани летови, според нацрт-упатствата на ЕУ што ги виде Ројтерс. Европските авиокомпании досега во голема мера успеаја да се справат со кризата, со финансиска заштита од промени на цените што ги ублажуваат трошоците, иако цените на авионското гориво се зголемија за речиси 84% од почетокот на американско-израелската војна со Иран на 28 февруари, соопшти агенцијата. Сепак, превозниците предупредуваат дека може да се…
Вчера околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Вера Јоциќ” со ул.„Народни Херои” во Скопје, патничко возило „опел зафира” со велешки регистарски ознаки, управувано од И.А.(55) од Велес, удрило во 69-годишната М.Д. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Очигледно е дека СДС повторно се обидува да ја манипулира јавноста преку селективно користење на статистики и ширење паника, свесно премолчувајќи го контекстот и причините за сезонските разлики во цените, притоа заборавајќи дека токму тие ја донесоа државата до економски колапс, рекордна инфлација и целосно урнат животен стандард, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Кога СДС зборува за инфлација, треба да се потсетат дека во нивно време инфлацијата достигна двоцифрени нивоа, а граѓаните плаќаа најскапа храна и струја во историјата, односно граѓаните живееја со 150 денари на ден. Денес, инфлацијата постепено се стабилизира во услови на глобална економска криза, енергетски шокови и последици…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против 61-годишен скопјанец и едно правно лице од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „измама“. Според полицијата, пријавениот со лажно прикажување факти довел во заблуда лице од Куманово при продажба на патничко возило „мерцедес вито“. Иако возилото било предмет на договор, оштетениот не ги добил парите во износ од 1.840.815 денари. Случајот е целосно документиран и против осомничените е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Х.(70) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба” и „навлегување во компјутерски систем”. На 11.11.2025 во Општа болница во Гостивар, пријавениот одзел паричник на И.П.(69) во кој имало 15.000 денари, лични документи и банкарска картица, по што подоцна од банкомат на банка во Тетово ја злоупотребил банкарската картичка и во два наврата подигнал 41.600 денари, со што нанел вкупна штета од 56.600 денари.
– Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против К.А.(52) од село Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 01.04.2026 во основно општинско училиште во село Радолишта, пријавениот физички нападнал малолетен соученик на неговата ќерка, информираа од полицијата.
