- Хорор ја стресе Македонија: 14-месечно дете се затруло од средство за чистење
- Во Владата состанок за реформската агенда
- Сериозен пожарот во Штип: Едно лице е повредено – ер трактор гасне од воздух
- Драматично во Штип: Беснее нов голем пожар, има повредено лице
- Започна локално невреме во источна Македонија: Дожд и грмежи јужно од Берово
- Судење за пожарот во „Пулс“: Обвинителството презентираше докази за агенцијата „Рубикон“, одбраната тврди дека нема вина
- Дурмиши ги повика компаниите да аплицираат за државна поддршка: Рокот е до 15 јуни
- Трагедија на експресниот пат Прилеп – Градско: Две лица загинаа, едно во тешка состојба
Author: Author 04
Вчера во 22:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.К.(27) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека го нарушил јавниот ред и мир, агресивно се однесувал и нападнал полициски службеници додека извршувале службени дејствија. При лишувањето, тој го оштетил и службеното возило на МВР. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Вчера во 11:10 часот во Скопје, пред објектот на ПС Аеродром, поради нарушен јавен ред и мир во ПС Аеродром приведен е Х.А.(32) од Берово. Претходно Х.А. побарал од полициски инспектор да му биде даден видео запис од видео надзор од „Безбеден град“, за сообраќајна незгода во која учествувал, но откако му било укажано дека видео записот не може да му биде доставен без да пополни соодветно барање, тој почнал агресивно да се однесува и во неколку наврати се обидел да влезе во службените простории во полициската станица, при што снимал со мобилен телефон иако му било укажано дека тоа…
Животот во Македонија станува сè поскап. Најновите податоци на Државниот завод за статистика откриваат дека трошоците на животот во април годинава пораснале за 5.7 % во однос на истиот месец лани. Најголем удар граѓаните почувствувале во секторот транспорт, каде само за еден месец трошоците рипнале за вртоглави 10.1 %. „Зголемување е забележано и кај храната, пијалаците, облеката и обувките. Речиси и да нема сектор каде не се бележи раст на цените“, велат статистичарите. Цените на мало, пак, во април во однос на март забележале раст од 3.2 %, што дополнително го притиска стандардот на граѓаните.
Јавноста во Феризај е во шок по незапаметеното злосторство што се случило на 5 мај во локалниот Оддел за итни случаи. Млада девојка (21) е осомничена дека го убила сопственото новороденче веднаш по породувањето во болничкиот тоалет. Настанот се случил околу 19:45 часот, кога девојката се пожалила на болки во стомакот, но пред лекарите негирала дека е бремена. Наместо тоа, таа тврдела дека има проблеми со циклусот. „Медицинскиот персонал се посомневал кога слушнал необичен шум од тоалетот. Кога влегле внатре, го пронашле новороденчето со траги на задушување“, пренесуваат локалните медиуми. Основниот суд веќе покрена постапка за кривично дело „убиство на…
Градот Скопје во раните утрински часови ја реализираше првата авионска фаза од дезинсекцијата против ларви од комарци. Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, информираше дека активноста е спроведена согласно Законот за заштита на населението од заразни болести. Оваа мерка е од клучна важност за превенција од ширење на заразни болести и обезбедување квалитетна животна средина пред почетокот на летната сезона. „Навременото третирање на ларвите е најважниот чекор во спречување на масовна појава на комарци во летниот период“, истакна Ѓорѓиевски. Надлежните најавуваат дека во претстојниот период ќе следуваат уште четири дополнителни фази, кои ќе вклучат и авионско прскање и прскање од…
Неверојатен случај на политичка манипулација ја потресе бугарската јавност, откако беше откриено дека народен претставник во 2015 година самиот си испратил заканувачко писмо. Целта на ова сценарио била пратеникот да изнуди официјална заштита од државните безбедносни служби. Овој фрапантен случај го обелодени криминалистот Иван Савов за време на гостување на „Нова телевизија“, во дебата посветена на реформите во безбедносниот сектор. Савов посочи дека овој чин е класичен пример за злоупотреба на државните ресурси. Тој упати критики до Националната служба за безбедност (НСО) во Бугарија, тврдејќи дека институцијата често се претвора во „слуга“ на политичарите наместо да работи професионално.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање што да очекуваат граѓаните дали ќе има ново проширување на позитивна листа на лекови, нагласи: „Тоа што ние го правиме во здравствениот сектори е нешто кое што не се случувало со години, па и со децении би рекол, вклучително и проширувањето на позитивната листа. Очекуваме во месеците кои што следат нови убави вести за македонските граѓани со нови лекови кои ќе бидат вклучени на позитивната листа. Но, исто така мораме да бидеме свесни дека здравствениот систем е сериозен предизвик за сите нас и како таков мораме да…
Вчера околу 23.30 во ОВР-Виница било пријавено било дека во речен канал во село Лески, виничко, било пронајдено машко лице со повреда на главата. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за П.А.(19) од Кочани. Од екипа на Итна медицинска помош му била укажана лекарска помош и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ на понатамошно лекување, информираа од полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска се обрати на „German-Macedonian Business Summit 2026“, истакнувајќи дека партнерството со Германија е клучниот столб за градење на нова економска архитектура на државата. Тој порача дека Германија за Македонија е повеќе од економски партнер – таа е симбол на индустриска моќ и технолошки развој. Според Мицкоски, германските инвеститори во земјава носат нови стандарди и корпоративна култура кои директно го менуваат економскиот пејзаж. „Германските компании тука кај нас не се само инвеститори. Тие се партнери во трансформацијата на нашата македонска економија. Тие отвораат работни места, носат нови стандарди, нова корпоративна култура и технолошко знаење“, истакна премиерот. Мицкоски…
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува граѓаните на 10 мај (недела), со почеток во 12:00 часот, во Паркот на Франкофонија, на културно-едукативниот настан „Фолклорот како живо наследство“, посветен на богатото македонско фолклорно и духовно наследство. Настанот, кој е дел од богатата културна програма на Општина Центар за 2026 година, ќе понуди разновидна сценска програма, со настапи на сите возрасни групи од Ансамблот за народни игри и песни „Орце Николов“, како и гости, фолклорни групи од Детскиот културен центар – Карпош. „Ги поканувам сите љубители на фолклорот, семејствата и младите да бидат дел од ова уникатно доживување и заедно…
