Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Мицкоски: Откриени над 4.500 лажни корисници – починати и иселени примале социјална помош
    • Вработениот го фатил како краде, па му одговорил со тупаници – апсење на Бит Пазар
    • ФЗОМ ги усвои новите правила за боледување
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Приватна компанија плаќа лобирање за премиерот, нема одговор за документите од САД

    СДСМ: Приватна компанија плаќа лобирање за премиерот, нема одговор за документите од САД

    24.09.2026 во 16:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ОКГ и нивната Орбан-Вучиќ медиумска мрежа, под палката на началникот Латас, повторно ја вклучи истата медиумска машина, велат од СДСМ. 

    „Нема документ. Нема демант на FARA 6170. Нема агенда од Стејт департментот. 

    Но затоа има Заев, пасош, слика од отворање. Има „талог“, Бугарија, лаги…. 

    Класично бегство од реченицата што ги болеше.

    Реченицата е оваа: Во 2026 приватна фирма АТС Груп ДООЕЛ Скопје му плаќа на американскиот лобист Mercury 130.000 долари месечно, односно околу 1,56 милиони годишно. 

    На 2 април истата компанија го предава материјалот – „Стратешко партнерство САД–Северна Македонија“. 

    Во текстот стои пакет влада со влада. Име: Трамп и Мицкоски. Не стои „продајте ни шлемови“. Стои државна агенда платена од приватна компанија за муниција. 

    ВМРО-ОКГ велат: актуелната влада нема врска со приватен договор меѓу две фирми. 

    Ако нема врска, зошто во платениот текст стои името на арамијата Мицкоски? 

    Зошто енергија, ЛНГ, ИТ-договори, одбрана? 

    Зошто антимонот од пет милиони влезе во истата приказна што ја носеше низ ходниците и хотелите?

    Дипломатски пасош за човек што работи извоз на оружје, што во секоја земја оди преку државна контрола, не е оправдување зошто денешниот премиер се враќа од Америка со средби во ходник и со руда за оружје, во интерес на приватна компанија. 

    Тоа е клучната разлика.

    Ако состанокот што Мицкоски го имал го нема во агенда на Вашингтон, не е државна средба. Тоа е неформален контакт. Дома го продаваат како самит.

    Приватна компанија плаќа. Мицкоски ја пласира агендата како државна. Всушност не е. 

    Зошто приватна компнија плаќа лоби за Мицкоски?

    Антимонот е метал за воена индустрија. Се копа кај Крива Паланка. Јаловината оди во почвата и водата. 

    За граѓаните е отров. За нив е провизија.

    Гета чинеше 5,53 милиони евра народни пари. Грантот за дупката е помал.

    Прашањето е кој во 2026 плаќа лоби да зборува во име на владата, кој се крие по фоајеа, и зошто народот добива рудник наместо извештај. 

    Прашањето е зошто премиерот работи за интерес на приватна компанија, а не за граѓаните на Македонија.

    Нема автогол. Има документ од американското Министерство за правда. 

    Тие немаат одговор на хартијата. Имаат матрица. 

    Матрицата е бегство. Бегството е признание“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.