Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Серафимовски: Реализирани 90 отсто од субвенциите, исплатени 6,5 милијарди денари

    Серафимовски: Реализирани 90 отсто од субвенциите, исплатени 6,5 милијарди денари

    24.09.2026 во 17:462 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Годинава се реализирани околу 90 проценти од средствата предвидени за финансиска поддршка во земјоделството, при што досега се исплатени околу 6,5 милијарди денари субвенции, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.

    Тој истакна дека од преземањето на функцијата на 13 јули годинава се реализирани седум одделни исплати во вкупен износ од над 1,2 милијарди денари.

    Земјоделците од државата очекуваат навремена исплата, а не нови оправдувања. Затоа, откако ја презедов функцијата на 13 јули оваа година, реализиравме седум одделни исплати во вкупен износ од 1 милијарда 227 милиони денари – рече Серафимовски.

    Министерот презентираше детали за исплатените средства по сектори:

    • Козари: 85,7 милиони денари за 1.159 одгледувачи.
    • Говедари: Околу 372 милиони денари за 4.284 одгледувачи.
    • Тутунари: Околу 13 милиони денари за производители под посебна контрола.
    • Полјоделци: Приближно 462 милиони денари за 23.874 лица.
    • Градинари: Околу 217 милиони денари за 10.754 производители.
    • Органско производство: Две исплати во вредност од околу 77 милиони денари.

    Според него, од вкупно 7,295 милијарди денари предвидени со Програмата за финансиска поддршка за 2026 година, досега се исплатени околу 6,512 милијарди денари, што претставува готовинска реализација од околу 90 отсто.

    Тоа претставува фактичка готовинска реализација од околу 90 проценти. Зад овој процент стојат конкретни приходи на земјоделците, затворање на старите обврски и обезбедување средства за преостанатите мерки – истакна Серафимовски.

    Тој додаде дека Владата паралелно ги затвора и старите долгови од 2020 година затекнати во системот. Воедно, најави засилени контроли, теренски проверки и користење сателитски снимки со цел спречување на злоупотреби и заштита на вистинските земјоделци.

    Нема да дозволиме парите на вистинските земјоделци да завршуваат кај ловците на субвенции. Секој денар од буџетот ќе следи за реално производство, а секоја утврдена злоупотреба ќе повлекува одговорност – нагласи министерот.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.