Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, осум управувале возило без положен возачки испит и тоа: Б.М.(31) и А.П.(21), двајцата од Скопје, С.А.(39) од с.Страхојадица, скопско, Н.М.(35) и 15-годишник, двајцата од Прилеп, В.С.(41) од Кичево, А.Ш.(18) од Тетово и 17-годишник од с.Брвеница, тетовско, кој предизвикал сообраќајна незгода со материјална штета.
Од слобода бил лишен и И.А.(62) од с.Долна Бањица, гостиварско, затоа што управувал возило со забрана за управување со моторно возило.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
- ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
- МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
- Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
- ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
- Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
- Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
- Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
- Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил

