Close Menu
Press24
    Најново

    Хакери ја зголемија температурата во фрижидерите на супермаркетите во Европа: Уништени големи количини храна

    03.11.2026 во 09:21

    Претреси и апсење на штипскиот универзитет, пронајдени купчиња пари кај раководителот

    03.11.2026 во 09:21

    ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Каде бевте кога пропадна Еуростандард банка?

    03.11.2026 во 09:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хакери ја зголемија температурата во фрижидерите на супермаркетите во Европа: Уништени големи количини храна
    • Претреси и апсење на штипскиот универзитет, пронајдени купчиња пари кај раководителот
    • ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Каде бевте кога пропадна Еуростандард банка?
    • Драма во Скопје: Малолетници нападнати од група врсници
    • Бугарија враќа 19 тони македонски јаболка – Откриени пестициди над дозволеното
    • Дневен хороскоп: Девицата се приближува кон важен период, Шкорпијата да се обиде да ужива
    • Гаши се прости од Самка Ибраимовски: „Неговиот придонес ќе остане запаметен”
    • 50 литри дожд – УХМР информираше каде наврнало најмногу
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хакери ја зголемија температурата во фрижидерите на супермаркетите во Европа: Уништени големи количини храна

    Хакери ја зголемија температурата во фрижидерите на супермаркетите во Европа: Уништени големи количини храна

    03.11.2026 во 09:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Повеќе од 70 продавници и супермаркети во Белгија, Луксембург и Шведска беа цел на хакерски напад кој го наруши работењето на системите за ладење. Поради зголемувањето на температурите во фрижидерите и замрзнувачите, дел од храната мораше да се фрли за да се заштити безбедноста на потрошувачите.

    Проблеми беа регистрирани во над 40 супермаркети „Delhaize“ во Белгија и Луксембург, како и во околу дваесет продавници на „Carrefour“ и „Spar“.

    Стефан Моланс, извршен директор на компанијата за инсталација на ладилници „Sabcobel“, изјави дека хакерите далечински ги префрлиле испарувачите на системите во режим на одмрзнување.

    „Синоќа во 1 часот по полноќ почнавме да мобилизираме техничари за да ја ставиме ситуацијата под контрола. Работевме цела ноќ и до утрото за да ги исклучиме погодените инсталации од мрежата“, рече Моеланс.

    Слични инциденти беа пријавени и во Шведска, каде ладилните единици во неколку продавници на „Ica“ и шест објекти на „Coop“ биле мета на хакерите.

    Матс Олсон, менаџер на продавницата „Ица Нара“ во Бода, Оланд, изјави дека наутро го пречекала локва вода на подот и замрзнувач со температура од 14 степени Целзиусови, при што целокупната стока била уништена.

    Сличен напад беше забележан и во Франција на 12 октомври, кога стотици продавници беа погодени од кибернапад кој ги покачи температурите во фрижидерите до 50 степени Целзиусови.

    Серијата инциденти укажува на сериозен безбедносен ризик за дигитално поврзаните системи во малопродажниот сектор, кои овој пат резултираа со директно уништување на храна поради неправилно складирање.

    Прочитај повеќе

    Туск го обвини Навроцки за блокирање на Уставниот суд

    02.11.2026 во 22:50

    Спасени десет лица во поплавите на грчките острови Самос и Родос

    02.11.2026 во 22:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.