Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати сочувство по повод смртта на поранешниот пратеник и министер Самка Ибраимовски, истакнувајќи го неговиот придонес во политичкиот и институционалниот живот на државата.
„Во мое име и во име на Собранието на Република Северна Македонија, изразувам најискрено сочувство за смртта на г. Самка Ибраимовски“, објави Гаши.
Во прошталната порака тој посочи дека Ибраимовски во текот на својата долгогодишна политичка кариера активно учествувал во парламентарниот живот и се залагал за интересите на граѓаните.
Гаши го истакна и неговиот ангажман за прашањата поврзани со правата, еднаквоста и подобрувањето на положбата на ромската заедница.
Според претседателот на Собранието, придонесот и политичкиот ангажман на Ибраимовски ќе останат запаметени како дел од политичката и институционалната историја на земјата.

