Close Menu
Press24
    Најново

    Повеќе од 12 степени температурна разлика од град до град: УХМР со детали за состојбата утринава во Македонија

    03.11.2026 во 08:15

    Драчево добива нова градинка – Денеска свечено се отвора „Ѕвездички“

    03.11.2026 во 08:08

    Повисоки плати за војниците и вработените во одбраната: Мисајловски ќе информира за промените

    03.11.2026 во 08:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Повеќе од 12 степени температурна разлика од град до град: УХМР со детали за состојбата утринава во Македонија
    • Драчево добива нова градинка – Денеска свечено се отвора „Ѕвездички“
    • Повисоки плати за војниците и вработените во одбраната: Мисајловски ќе информира за промените
    • Британската амбасадорка во Собрание на средба со Гаши – Ќе учествува и на дебата со младите
    • Средношколци во Собранието: Дебата за социјалните мрежи, инфлуенсерите и лажните вести
    • Ќе нема струја во делови на Скопје – Исклучувањата ќе траат со часови
    • Ќе истури дожд – УХМР од утре најавува пресврт со времето
    • Две години ја следел и вознемирувал: Кривична пријава за 40-годишен маж
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Повеќе од 12 степени температурна разлика од град до град: УХМР со детали за состојбата утринава во Македонија

    Повеќе од 12 степени температурна разлика од град до град: УХМР со детали за состојбата утринава во Македонија

    03.11.2026 во 08:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    УХМР ги измери температурите во градовите низ Македонија, ова врнежливо утро. Според мерењата на синоптичарите, утринава, вторник, 03.11.2026 година, најстудено е на Попова Шапка каде е измерен само еден степен над нулата во седум часот.

    Од друга страна, како и секој друг ден, гевгелија е рекордер меѓу градовите каде е најтопло. Измерени се 13 степени во 7 часот.

    Во Скопје во седум часот утринава УХМР измери 9 степени.

    Денеска во земјава ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поинтензивни и ќе надминат 25 литри на квадратен метар. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во вечерните часови се очекува постепено престанување на врнежите.

    УХМР

    Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе засилува, особено долж Повардарието.

    Утринските температури ќе се движат од 6 до 10 степени, додека дневните ќе достигнат од 10 до 14 степени.

    Во Скопје се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 8 до максимални 12 степени.

    Во наредните денови следува промена на временските услови. Од утре времето ќе биде стабилно и суво, со променлива облачност. Во утринските часови, во одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

    Од петок се очекува намалување на облачноста, а за време на викендот ќе преовладува посвежо утринско време. Минималните температури на места ќе се спуштат и под нулата.

    Featured Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Драчево добива нова градинка – Денеска свечено се отвора „Ѕвездички“

    03.11.2026 во 08:08

    Повисоки плати за војниците и вработените во одбраната: Мисајловски ќе информира за промените

    03.11.2026 во 08:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.