Британската амбасадорка во земјава, Маја Сивагнанам, денеска ќе престојува во посета на Собранието, каде што ќе оствари средба со претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши.
Средбата е закажана за 9:30 часот, по што двајцата ќе се обратат на настанот посветен на медиумската писменост и влијанието на дезинформациите врз младите.
Од 10 часот во Собранието ќе се одржи дебатата „Што гледаш, кому веруваш? – Младите, информациите и дезинформациските кампањи“, на која ќе учествуваат средношколци и пратеници.
Во фокусот на дискусијата ќе бидат информациските навики на младите, влијанието на социјалните мрежи и инфлуенсерите, како и препознавањето на лажните вести и содржините создадени со вештачка интелигенција.

