Пожар избувнал во куќа во скопски Карпош во неделата наутро. Огнот бил пријавен околу 7:30 часот, а зафатениот објект е во сопственост на 73-годишен скопјанец.
На местото интервенирала Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, чии екипи успеале да го изгаснат пожарот.
За среќа, во инцидентот нема повредени лица. Надлежните служби треба да извршат увид за да се утврдат причините за избувнувањето на пожарот.

