- Крвава пресметка во кумановско Романовце: 25-годишник избоден од двајца сограѓани, меѓу кои еден е малолетник
- Ужас во Куманово: Бебе од 14 месеци се затруло со средство за чистење, полицијата врши увид
- Алиу пресече: Новиот клинички центар најевтино е да се гради до болницата „8 Септември“
- Инцидент на Бит Пазар: Скопјанка физички нападнала контролор на ЈСП бидејќи немала билет
- Голем дел од Скопје утре ќе остане без струја: Проверете дали сте на списокот за исклучувања
- Мицкоски: Парламентарни избори ќе има „многу скоро“
- Алиу: Македонија пристапува кон „EU4Health“, се отвора европска здравствена врата за нашите институции
- Општина Центар исплати над 1,3 милиони денари за новороденчиња од почетокот на годинава
Author: Author 04
ВМРО изгуби над 150.000 гласови, затоа се обидуваат да го делат СДСМ преку некакви платформи, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во вчерашниот поткаст „Риштази“ на Коха. Филипче посочи дека ВМРО, по падот на поддршката, се обидува да создаде поделби во СДСМ, но порача дека партијата се консолидира и расте.„Поддршката на ВМРО сериозно паѓа. Тие веќе изгубија над 150.000 гласови. И затоа сега дополнително се обидуваат преку некакви платформи, некакви наши членови на СДСМ, коишто немаат никаква забелешка, ниту пак напад на владините политики, да се занимаваат со СДСМ. Сакам јавно и јасно да порачам, нема да им успее. Нема…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување во поткастот „Риштази“ упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за запирање на повеќедеценискиот стремеж на државата за членство во ЕУ. Според Филипче, никој нема право да го блокира стратешкиот пат на граѓаните зацртан уште од независноста. „Како има тој човек право да го запре повеќедеценискиот пат на државата? Од каде му е тоа право? Што си мисли, дека е монарх некој? Па овде живеат 2 милиони луѓе кои што од 1991 година имаат стратешка цел. Кој е Христијан Мицковски да каже не? Каков е тој предавник и на стратешките, и…
Јавноста во Битола е вознемирена по информациите за објавен список со имиња на ученици за наводна ликвидација на социјалната мрежа ТикТок. Случајот е поврзан со ученик од седмо одделение во ОУ „Стив Наумов“, кој покрај имињата на соучениците, во објавата навел и точен датум за заканата. Според информациите објавени од локалните медиуми и порталот „4News“, заканите се појавиле и во физичка форма на ливчиња во училиштето, што предизвикало итна реакција кај родителите. Тие тврдат дека ваквото однесување не е првпат забележано кај истиот ученик. Од ОУ „Стив Наумов“ појаснуваат дека содржините не се објавувани во училиштето ниту за време на…
Кога се создаде ВРЕДИ, не сите веруваа дека ова патување ќе стигне до тука. Имаше такви што очекуваа поделби, замор и неуспех. Имаше и други што отворено работеа ова обединување никогаш да не се случи. Но утре одговорот ќе се даде пред очите на сите, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. „На 9 Мај, Денот на Европа, на Конгресот на обединувањето, пет политички субјекти ќе донесат една од најважните одлуки во рамките на албанскиот политички блок во државата. Од партнери и политички сојузници, ВРЕДИ станува едно единствено тело. Ова не беше лесна одлука. Бараше трпение, доверба и волја да се…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на свеченото отворање на првата сезона на „Плазма спортските игри за млади“. Манифестацијата, која важи за најголем спортско-аматерски настан за млади во Европа, ќе започне точно во 12:00 часот на Плоштадот „Македонија“ во Скопје. По завршување на официјалниот дел, предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за претставниците на медиумите. На настанот ќе присуствуваат високи државни претставници, амбасадори и спортски легенди. Покрај премиерот, најавени се обраќања и на министерот за спорт Борко Ристовски, градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, како и на првите луѓе на Игрите…
Денеска територијата на Македонија ќе биде под влијание на облачна маса која ќе донесе врнежи од дожд во повеќе региони. Според метеоролошките прогнози, на одредени места времето ќе биде нестабилно, со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Постојат услови овие процеси краткотрајно да се развијат во форма на невреме. Температурниот опсег ќе се движи од минимални 5 до максимални 21 степен во текот на денот. Во Скопје се очекува слично време – претежно облачно со повремени врнежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на грмежи и засилен ветер, со максимална температура до 20 степени. Што…
Денеска во 14:48 часот во СВР Штип било пријавено дека во стан во Штип било пронајдено починато женско лице. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за У.Е.(20), државјанка на Република Турција, информираа од МВР. Увид врши екипа на СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во рамки на официјалната посета на Словачка, денеска одржа работен состанок со својот колега Ладислав Каменицки. Во фокусот на разговорите беше дигитализацијата на даночните процеси, при што министерката најави дека системот за е-фактура во Македонија ќе биде целосно имплементиран до крајот на оваа година. Димитриеска-Кочоска истакна дека Словачка е значаен пример за тоа како технологијата може да ги сопре даночното затајување и сивата економија преку алатки како е-фискализација и QR плаќања. „Нашиот фокус е јасен – стабилни јавни финансии и дигитализација на услугите. Искуствата од Словачка како земја членка на ЕУ се од суштинско значење…
Европската Унија има намера да им каже на авиокомпаниите дека последиците од војната со Иран врз туризмот не се доволно сериозни за да оправдаат вонредни мерки, како што е укинување на обврската на превозниците да плаќаат надомест за откажани летови, според нацрт-упатствата на ЕУ што ги виде Ројтерс. Европските авиокомпании досега во голема мера успеаја да се справат со кризата, со финансиска заштита од промени на цените што ги ублажуваат трошоците, иако цените на авионското гориво се зголемија за речиси 84% од почетокот на американско-израелската војна со Иран на 28 февруари, соопшти агенцијата. Сепак, превозниците предупредуваат дека може да се…
Вчера околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Вера Јоциќ” со ул.„Народни Херои” во Скопје, патничко возило „опел зафира” со велешки регистарски ознаки, управувано од И.А.(55) од Велес, удрило во 69-годишната М.Д. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
