Author: Author 04

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва се обрати на приемот во чест на учесниците на регионалната конференција „Предводење на промените: Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето“, посветена на демографските промени и нивното влијание врз иднината на општествата. Таа изрази задоволство што годинава македонската држава е домаќин на конференцијата. За неа, демографијата одамна престанала да биде само статистичка дисциплина и прераснала во едно од клучните политички, економски и цивилизациски прашања, коешто директно влијае не само врз пазарот на трудот, одржливоста на пензиските и здравствените системи, туку и врз социјалната кохезија и стабилноста на државите. Сиљановска-Давкова посочи дека македонската држава, како и…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје се сретна со висока делегација од Европската служба за надворешно дејствување (ЕЕАС). Фокусот на разговорите беше ставен на Партнерството за безбедност и одбрана меѓу Европската Унија и Македонија, потпишано во 2024 година. На средбата беше поздравен редовниот политички дијалог, а како значаен чекор беше оценет и вториот состанок одржан минатиот месец во Брисел. Според соопштението од МНРиНТ, овие средби придонесуваат за преточување на политичките заложби во конкретни приоритети за соработка. Соговорниците разменија мислења и за Европскиот мировен инструмент (ЕПФ). Беше нагласено дека се очекува зголемување на поддршката за…

Повеќе

Конвенцијата, усвоена од Комитетот на министри на Советот на Европа во мај 2024 година, претставува прв обврзувачки меѓународен инструмент кој воспоставува принципи и стандарди за безбедна, етичка и одговорна употреба на вештачката интелигенција. Со нејзиното потпишување, нашата држава се приклучува кон меѓународните напори за воспоставување јасни правила и стандарди за развој и употреба на вештачката интелигенција, во согласност со принципите на човековите права, демократијата и владеењето на правото. На церемонијата,министерот за правда Игор Филков упати благодарност до генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе за неговото лидерство и посветеност, како и на Советот на Европа за континуираната поддршка. „ Што значи ова за Република Северна Македонија? Пред сè, значи…

Повеќе

Институтот за јавно здравје информира дека будно ја следи состојбата со појавата на хантавирус кај патници и екипаж на крузерот „MV Hondius“ во јужниот Атлантски Океан. Досега се регистрирани осум случаи, од кои три завршиле со смртен исход. Од ИЈЗ смируваат дека во земјава засега нема опасност од ширење на оваа инфекција. „Во овој момент нема регистрирани случаи, патници или блиски контакти поврзани со Република Северна Македонија, ниту постојат индикации за ризик по јавното здравје во државата“, соопштуваат од Институтот. Според СЗО и ЕЦДЦ, инфекцијата најверојатно е поврзана со престој во области каде има присуство на глодари, кои се природни…

Повеќе

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека е подготвен да ги жртвува националните интереси за политички поени. Според него, СДСМ нема црвени линии кога станува збор за опстанокот на власт. „Филипче постојано изјавува дека уште веднаш е подготвен за уставни измени, без гаранции дека за Македонија тоа би била последната пречка“, истакна Манасиевски. Тој посочи дека Филипче го продолжува планот на Зоран Заев за, како што рече, „уништување на Македонија“, додворувајќи им се на странски агенди. Манасиевски нагласи дека претходните договори се доказ за…

Повеќе

Дигитализацијата на даночните процеси, унапредувањето на управувањето со јавните финансии, анализата на јавните трошоци и продлабочувањето на економската соработка беа теми на разговор на работниот состанок меѓу делегациите на Македонија и Словачка, предводени од министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и министерот за финансии Ладислав Каменицки, што се одржа денеска во рамки на официјалната посета на министерката на Словачка. На работната средба на двете делегации се разговараше за тековните макроекономски и фискални состојби, анализата на јавните трошоци и управувањето и евалуацијата на јавните инвестиции, како и за дигиталните алатки во даночниот систем, меѓу кои е-фактура, е-фискализацијата и QR плаќањата. „Дозволете ми…

Повеќе

Вчера во 18:00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Д.С.(65) од Кичево. При претреси во неговиот дом и помошни простории во Кичево и во с.Попоец, кичевско, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени две пушки и куршуми различен калибар. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Мицкоски повторно прибегнува кон старата техника на мачкање очи. Кампњата е почната. Еден дел од кампањата е заострување на односите со Бугарија. Иако се уште не формирана владата во Бугарија, тој веќе изјави дека не очекува подобрување, туку заострување на односите, се вели во соопштението од СДСМ.  „Уште минатата година, во јули, бугарскиот претседател Румен Радев јасно кажа дека Македонија сама себе си го блокира патот кон ЕУ. Оваа кампања се води токму за да има готово објаснување зошто не се внесуваат малцинствата во Уставот. Вториот дел од кампањата е напад на СДСМ дека ја кочи реформската агенда со Изборниот…

Повеќе

Македонското новинарство денеска загуби еден од своите најпрепознатливи гласови во внатрешната политика. По долго боледување, на 53-годишна возраст почина новинарката на Медиумската информативна агенција (МИА), Ирена Радовановиќ. Радовановиќ ја започна својата кариера во неделникот „Фокус“ во 1991 година, каде работеше една деценија. Нејзиниот професионален пат продолжи низ редакциите на „Вечер“, „Нова Македонија“, „Македонија денес“ и неделникот „Денес“. Својот новинарски печат го остави и во неделникот „Форум“, дневниот весник „Дневник“ и Радио „Слободна Македонија“. Од 2014 година, таа беше дел од внатрешно-политичката редакција на МИА, работејќи како новинар и аналитичар. Колегите ја опишуваат како исклучителен професионалец чија посветеност трајно ќе остане…

Повеќе

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го означи почетокот на големата еко-акција „GENERALKA WEEKEND“. Манифестацијата, која се смета за најмасовна на Балканот, годинава мобилизира десетици илјади волонтери од 80 општини и над 250 државни институции. На настанот присуствуваа претседателката Гордана Силјановска-Давкова, госпоѓа Рози Мицкоска, амбасадорот на Австрија Мартин Памер, министерот за животна средина Муамер Хоџа и заменичката Ане Лашкоска. „Денешниот настан е силна порака. Порака дека чистата животна средина е заедничка одговорност, дека секој од нас има улога во изгледот на својата улица, своето маало, својот град и својата држава“, истакна Ѓорѓиевски. Тој посочи дека акцијата се спроведува на…

Повеќе