Close Menu
Press24
    Најново

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Состојбата во СДС е резултат на раководството на Венко Филипче, а не на туѓи влијанија

    ВМРО-ДПМНЕ: Состојбата во СДС е резултат на раководството на Венко Филипче, а не на туѓи влијанија

    27.09.2026 во 10:373 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Венко не може да ги обвинува сите за состојбата во која што се наоѓа СДС. Партијата е во таа состојба заради тоа што конкретно Венко Филипче е на чело, а очигледно дека никој не се согласува со тоа, па дури се креираат цели опозициски фронтови за Венко да се тргне од чело на СДС, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Не може Венко Филипче да обвинува други политички партии за состојбата во којашто се наоѓа СДС. СДС по последните изборни резултати беше на дното оти толку поддршка им е останата од оние коишто веруваат во Филипче, како чувар на фотелјата на Заев.

    Поранешни функционери на СДС одамна јавно апелираат дека Венко треба да се повлече од тронот во СДС, но очигледно тој во неверување дека некогашната голема СДС е спадната на ова ниво, и од толкава жед за власт се уште верува дека има некаков легитимитет да биде дел од политичката сцена.

    ВМРО-ДПМНЕ две години неуморно работи да ја подобри состојбата во државата со економски политики за кои има конкретни бројки што велат дека земјата се движи во правилна насока, проекти кои реално ќе им помогнат на граѓаните да имаат бенефит.

    Тоа што СДС немаше и нема никаков капацитет да направи нешто добро за државата никако да му влезе во глава на Венко.

    Две години како претседател на СДС само шири дезинформации и глупости во јавноста кои немаат никаква врска, кои постојано се демантирани дали од домашни дали од европски институции, две години лута и не може да се помири дека е опозиција и не може ни да ја консолидира партијата за да почнат да се однесуваат како опозиција.

    Бегаат од работни групи, како таа за Изборниот законик, иако е дел од реформската агенда, бегаат од пратенички прашања или се демантираат самите едни со други во Собрание, и тотално не можат да се помират дека се опозиција и уште живеат во златната ера што за нив беше кога крадеа се и сешто.

    А вчера на една национална телевизија повторно нивен член посочи дека Венко ја држи партијата окупирана и узурпирана, но и дека не може да се однесува во јавноста неодговорно и да се појавува кога ќе му текне за одредени теми да биде гласен, а за одредени теми да го нема на мапа и да нема став.

    На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Венко Филипче да е претседател на СДС. Не им одговара на граѓаните и на државата. Но ако продолжи вака, на добар пат се да се уништат меѓусебно, Венко и остатокот од талогот на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.