- Цветановска: Нудиме неповратни грантови за сушари и загарантиран приход за сточарите
- Мицкоски најави големи промени: 30 отсто нови луѓе во општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ
- Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Дебрца, ја оштетил општината за над 430 илјади денари
- Драма во Скопје: Со мотор намерно удрил во полицаец, па бегал со марихуана и над 100 таблети
- УХМР со најнова прогноза – во најава стабилизација на времето, познато и од кога
- Панова: Оперативниот план за вработување тежи скоро 40 милиони евра, над 10.000 лица ќе бидат опфатени
- Стевчо Јакимовски повикан да се јави во затвор на 2 јули
- Ѓорѓиевски: По три децении пропадање, спортската сала „Расадник“ целосно обновена и вратена на Вардар
Author: Author 04
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, на денешната прес-конференција посветена на акцијата за отстранување на хаварисани и напуштени возила, истакна дека станува збор за конкретна интервенција чија цел е враќање на јавниот простор на граѓаните и подобрување на еколошките стандарди во општината. Акцијата започна во средата и ќе продолжи и во наредните денови, сѐ додека има потреба. Според евиденцијата направена на терен, на територијата на Општина Чаир се идентификувани до 200 напуштени и хаварисани возила, кои заземаат јавни површини и паркинг-простори во различни делови на општината. „Денес во Чаир не се реализира само симболична акција. Денес јавниот простор им го…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на отворањето на првата сезона од „Плазма“ спортските игри за млади на плоштадот во Скопје. Тој изрази задоволство од масовноста на настанот и упати порака до младите спортисти. „Навистина прекрасна глетка, ова да се види денеска на плоштадот во Скопје, претставува нешто божествено. Мене ми е чест што сум на првата сезона од „Плазма“ спортските игри за млади, убеден сум дека овие денови, овие недели, овие месеци од вашите животи ќе ги паметите цел живот“, истакна Мицкоски. Премиерот нагласи дека спортот е еден од клучните столбови за развој на државата и ги повика…
Во време кога вештачката интелигенција го преобликува секој аспект од деловното работење, кога сајбер заканите еволуираат со невидена брзина, а инфраструктурата се изградува одново за една сосема нова деловна реалност, една порака јасно одекна на петтото издание на Ingram Micro & Vendors Networking во Охрид: иднината нема да ѝ припадне на оние со најнапредна технологија, туку на оние со најсилни партнерства. Вчера во Охрид, регионалната технолошка конференција собра околу 200 високи одлучувачи од Македонија, Албанија и Косово, со поддршка на вендорите Check Point, Cisco, Juniper, Dell, IBM, Zebra, VMware, Veeam и Microsoft, кои изнесуваа ставови во рамки на три тематски…
СВР Струмица поднесе кривична пријава против правен субјект од Струмица и против Н.Б.(50) од Струмица поради постоење на основи на сомнение дека во четири наврати сториле кривично дело „даночно затајување“. Пријавениот правен субјект во својство на даночен обврзник и Н.Б. – во периодот на сторување на делото управител со неограничено овластување во внатрешниот и надворешниот трговски промет на правното лице, преку одбегнување на целосно или делумно плаќање на персонален данок на доход по други основи, данок на добивка и данок на додадена вредност, со неевидентирање на промет, неточно утврдување на даночната основа преку помалку искажани приходи, повеќе искажани расходи и…
Секретарот за меѓународна соработка и член на ИО на СДСМ, Андреј Жерновски, на денешната прес-конференција ја обвини власта за ширење нов бран на лаги поврзани со Преспанскиот договор и уставното име на државата. Жерновски истакна дека премиерот Христијан Мицкоски сега го тврди спротивното од она што го ветувал додека бил во опозиција. „Се случува тоа со оние коишто се нестабилни политичари коишто кога ќе дојдат на власт имаат комплетна амнезија за тоа што се случува“, изјави Жерновски, потсетувајќи на изјавите на Мицкоски дека Преспанскиот договор нема да биде завршена работа додека тој е во ВМРО-ДПМНЕ. Според Жерновски, Мицкоски ја изградил…
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски, тврдејќи дека под негово водство економијата бележи сериозен пад. Според неа, додека власта презентира успеси, податоците на Статистика покажуваат инфлација од 5,7% во споредба со лани. „Тоа е речиси двојно повисока инфлација од еврозоната, каде инфлацијата во април изнесува 3%. Најголем удар трпат граѓаните преку поскапата храна. Трошоците за храна се зголемени за 8%“, истакна Кузеска. Таа посочи дека синдикалната кошничка од 69.000 денари е недостижна за граѓаните, додека власта одбива мерки за заштита на стандардот, како што се укинување на ДДВ за храната и…
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против двајца управители на фирми и петмина вработени во Агенцијата за управување со одземен имот. Тие се сомничат за злоупотреба на постапка за јавна набавка при продажба на хаварисани возила како старо железо. Кривичната пријава ги опфаќа Н.И. и Б.Г. како управители, две правни лица, како и вработените во Агенцијата: Ф.А., Г.А., П.К., Ф.Ј. и А.Б. Според пријавата, осомничените управители во 2021 година, со однапред утврдена намера, ги повредиле прописите за јавен повик. Во постапката, едниот правен субјект бил прикажан како формален конкурент со намерна техничка грешка во…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој престојува во официјална посета на земјава. Таа ја истакна улогата на Советот на Европа, како најстара европска институција, којашто повеќе од седум децении ги унапредува демократијата, човековите права и владеењето на правото, како темелни вредности. Според претседателката, Новиот демократски пакт за Европа претставува важен чекор кон обновување на довербата во институциите и зајакнување на демократската отпорност, во услови на длабоки политички, безбедносни и технолошки промени. Сиљановска-Давкова посочи дека развојот на дигиталните технологии и вештачката интелигенција отвора нови предизвици поврзани со заштитата на човековите права, приватноста…
Сиљановска-Давкова: Македонија е под троен демографски притисок, потребни се мудри и хумани одговори
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва се обрати на приемот во чест на учесниците на регионалната конференција „Предводење на промените: Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето“, посветена на демографските промени и нивното влијание врз иднината на општествата. Таа изрази задоволство што годинава македонската држава е домаќин на конференцијата. За неа, демографијата одамна престанала да биде само статистичка дисциплина и прераснала во едно од клучните политички, економски и цивилизациски прашања, коешто директно влијае не само врз пазарот на трудот, одржливоста на пензиските и здравствените системи, туку и врз социјалната кохезија и стабилноста на државите. Сиљановска-Давкова посочи дека македонската држава, како и…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје се сретна со висока делегација од Европската служба за надворешно дејствување (ЕЕАС). Фокусот на разговорите беше ставен на Партнерството за безбедност и одбрана меѓу Европската Унија и Македонија, потпишано во 2024 година. На средбата беше поздравен редовниот политички дијалог, а како значаен чекор беше оценет и вториот состанок одржан минатиот месец во Брисел. Според соопштението од МНРиНТ, овие средби придонесуваат за преточување на политичките заложби во конкретни приоритети за соработка. Соговорниците разменија мислења и за Европскиот мировен инструмент (ЕПФ). Беше нагласено дека се очекува зголемување на поддршката за…
