- Лефков: Над 80% од граѓаните се против уставни измени под диктат, Филипче ги поддржува затоа што е уценет
- УХМР издаде метео аларм: Попладне доаѓа невреме
- Солидарност на дело: Општина Карпош доделува по 100.000 денари за семејствата на загинатите на обиколницата
- Сали: ИПА останува клучен инструмент за забрзување на реформите и приближување на Македонија кон ЕУ
- Една од најпознатите плажи во Грција затворена за туристи ова лето
- Финансиска полиција со кривична пријава – Штета од над 127 милиони денари
- Приведена популарна турска актерка
- Судење за трагедијата во „Пулс“: Фокус на Рубикон и обезбедувањето на објектот
Author: Author 04
Вчера во 23:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Д.(79) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 15:00 часот во неговиот семеен дом допирал по телото негова малолетна сосетка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Вчера во 14:48 часот во СВР Штип е пријавено дека во стан во Штип било пронајдено починато женско лице. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за У.Е.(20), државјанка на Република Турција. Увид извршила екипа на СВР Штип, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 16:00 часот во СВР Велес, 43-годишна велешанка пријави дека била измамена за сума од 16.592 денари. Според пријавеното, на 05.05.2026 добила СМС порака за наводно сторен сообраќаен прекршок кој требало да го плати. Во пораката имало линк од веб страна со насоки за плаќање и било наведено дека доколку ги следи упатствата ќе плати само половина од сумата за прекршокот. Откако ги внела податоците од својата банкарска сметка, во неколку наврати добила порака за неуспешно плаќање, а подоцна забележала дека од сметката ѝ биле одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Седумдесет и седумгодишен маж од Скопје бил пронајден починат вчера попладне во куќа во Гостивар, соопшти Министерството за внатрешни работи. Случајот во полицијата бил пријавен околу 16:30 часот од страна на екипа на Итната медицинска помош. „Во куќа на улицата ‘Никола Тесла’ во Гостивар е пронајден починат Д.А.(77) од Скопје, кој живеел сам. Лекар констатирал смрт“, известија од полицијата. Увидна екипа од ОВР Гостивар извршила увид на самото место. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина за обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта.
За претседателката „Генералка Викенд“ треба да прерасне во ,,Генералка 365 дена”. ,,Секој ден да го почнуваме вака, имитирајќи ги Јапонците кои прво зачистуваат таму каде што живеат, а кога се овде, дури и околу нашите згради, а потоа одат на работа. Ова мора да стане филозофија на животот!“, порача таа на отворањето на годинешната националната акција за чистење на отпад „Генералка викенд 2026“. Говорејќи за односот на човекот кон природата, таа потсети на делото „Природен договор“ на францускиот филозоф Мишел Сера во коешто се истакнува дека човештвото мора да склучи пријателски договор со планетата Земја и да ја третира како…
Денеска во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски се сретна со делегација од Европската Унија предводена од Космин Добран, директор на Директоратот за мир, партнерство и кризен менаџмент при Европската служба за надворешни работи (EEAS), каде беше потврдена взаемната посветеност во делот на зајакнување на одбранбената соработка. Средбата која беше иницирана од страна на Европската служба за надворешни работи, е дел од воспоставениот Дијалог на ЕУ и МКД во доменот на одбраната и безбедноста, и ја потврдува и зајакнува јасната подготвеност на ЕУ за продлабочување на соработката со нашата земја, во областа на безбедноста и одбраната. Во оваа прилика министерот…
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, на денешната прес-конференција посветена на акцијата за отстранување на хаварисани и напуштени возила, истакна дека станува збор за конкретна интервенција чија цел е враќање на јавниот простор на граѓаните и подобрување на еколошките стандарди во општината. Акцијата започна во средата и ќе продолжи и во наредните денови, сѐ додека има потреба. Според евиденцијата направена на терен, на територијата на Општина Чаир се идентификувани до 200 напуштени и хаварисани возила, кои заземаат јавни површини и паркинг-простори во различни делови на општината. „Денес во Чаир не се реализира само симболична акција. Денес јавниот простор им го…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на отворањето на првата сезона од „Плазма“ спортските игри за млади на плоштадот во Скопје. Тој изрази задоволство од масовноста на настанот и упати порака до младите спортисти. „Навистина прекрасна глетка, ова да се види денеска на плоштадот во Скопје, претставува нешто божествено. Мене ми е чест што сум на првата сезона од „Плазма“ спортските игри за млади, убеден сум дека овие денови, овие недели, овие месеци од вашите животи ќе ги паметите цел живот“, истакна Мицкоски. Премиерот нагласи дека спортот е еден од клучните столбови за развој на државата и ги повика…
Во време кога вештачката интелигенција го преобликува секој аспект од деловното работење, кога сајбер заканите еволуираат со невидена брзина, а инфраструктурата се изградува одново за една сосема нова деловна реалност, една порака јасно одекна на петтото издание на Ingram Micro & Vendors Networking во Охрид: иднината нема да ѝ припадне на оние со најнапредна технологија, туку на оние со најсилни партнерства. Вчера во Охрид, регионалната технолошка конференција собра околу 200 високи одлучувачи од Македонија, Албанија и Косово, со поддршка на вендорите Check Point, Cisco, Juniper, Dell, IBM, Zebra, VMware, Veeam и Microsoft, кои изнесуваа ставови во рамки на три тематски…
СВР Струмица поднесе кривична пријава против правен субјект од Струмица и против Н.Б.(50) од Струмица поради постоење на основи на сомнение дека во четири наврати сториле кривично дело „даночно затајување“. Пријавениот правен субјект во својство на даночен обврзник и Н.Б. – во периодот на сторување на делото управител со неограничено овластување во внатрешниот и надворешниот трговски промет на правното лице, преку одбегнување на целосно или делумно плаќање на персонален данок на доход по други основи, данок на добивка и данок на додадена вредност, со неевидентирање на промет, неточно утврдување на даночната основа преку помалку искажани приходи, повеќе искажани расходи и…
