- СДСМ: Мицкоски и бандата не градат за Македонија, туку за странски интереси
- Помалку одобренија и пониска вредност на градежни проекти во април
- Трагедија во Кина: Најмалку седум лица загинаа во силна експлозија, десетици се повредени
- ФОТО: „Спремни за средно“ – Кисела Вода организираше бесплатна полуматурска прослава
- Портокалов метео-аларм во Србија: Се очекуваат силни бури со град
- ВМРО-ДПМНЕ: ,,Роаминг како дома“ за граѓаните значи пониски трошоци и подобра поврзаност
- Лоши вести за сите кои планираат да одат во Грција: Тропскиот топлотен бран завршува, пристигнуваат град, бури и грмотевици
- ФОТО: Македонската Царина сопре рент-а-кар возило – Заплена од 13.000 евра
Author: Author 04
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска се приклучи на големата еколошка акција за чистење на главниот град. Тој порача дека иако службите работат со полн капацитет, одржувањето на хигиената зависи од секој поединец. „Градот денес се чисти повеќе од кога било. Но, Скопје ќе биде уште почисто само ако ние, самите, го чуваме. Затоа, да покажеме дека го сакаме градот убав“, истакна Ѓорѓиевски. Во акцијата, покрај градоначалникот, учествуваат илјадници граѓани, претставници на јавни институции и невладини организации. „Денес, со неколку илјади волонтери, организации, јавни институции ја започнавме заедничката акција за почиста средина“, информираше првиот човек на градот. Тој упати благодарност…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност и раководството на СВР Велес, денеска учествуваше во пролетен марш на подрачјето на Неготино. Маршот се одвиваше на релација од месноста Острово до манастирот „Свети Ѓоргија“. Според министерот, ваквите активности се клучни за зајакнување на внатрешната кохезија во редовите на полицијата. „Овие активности ја јакнат сплотеноста, довербата и тимскиот дух во полицијата. Силна полиција се гради со професионалност, физичка подготвеност, ментална стабилност и меѓусебна почит“, истакна Тошковски. Тој упати благодарност до сите полициски службеници кои беа дел од денешниот настан, потенцирајќи ја насоката во која ќе…
Венко Филипче по цели две години чмаење на претседателското место на СДС даде ветување дека првиот премиерски потпис ќе го стави на закон против корупција. Нема потреба Венко Филипче да се изначека за премиерско место, на кое никогаш нема да седне, туку може веднаш да повика Васко Ковачевски екс директорот на РЕК да се врати од бегство и да одговара пред лицето на правдата за сомнежите за криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Владее чувството дека за многу скоро Венко Филипче ќе треба да одговара за набавката на кинеските вакцини Стабри и провизиите што ги договараше во ковид кризата, како и за…
Основното јавно обвинителство поднесе обвинителен предлог против припадник на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, поради сторено кривично дело „телесна повреда“. Настанот се случи во семејниот дом на обвинетиот, каде по вербална расправија, тој физички ја нападнал својата сопруга. Според наводите во предлогот, нападот се случил пред нивната малолетна ќерка. Обвинетиот ја удирал жената по лицето и главата, а потоа ја фатил за вратот и почнал да ја дави. На оштетената ѝ биле нанесени телесни повреди и сериозна психичка вознемиреност. Жената успеала да се засолни во тоалет, но кога се обидела да го напушти домот со детето, сопругот ѝ го одзел…
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска најави дека Владата будно ги следи состојбите на берзите и дека е можна нова рунда преговори за продолжување на попустот за нафтените деривати по 18 мај. „Следиме се што се случува. Нашите мерки моментално се до 18 мај, што значи дека следната недела ќе видиме што ќе се случува со цените на берзата и со војната. Неколку дена пред истекот на овој рок ќе видиме до каде сме со цените и ако е потребно повторно ќе преговараме со ОКТА за продолжување на попустот. Правиме се што е во интерес на…
Германскиот град Зинциг од утринава е во центарот на заложничка криза во филијала на „Фолксбанк“. Специјални полициски единици го опколија објектот, а над градот патролираат хеликоптери во обид да се стави ситуацијата под контрола. Според информациите на германски „Билд“, драмата започнала околу 9 часот утрово, по што целиот центар на градот е блокиран и ограден од полициските сили. Инцидентот започнал во моментот кога возило за транспорт на пари пристигнало пред банката. Кога еден од вработените излегол од оклопниот камион, бил пресретнат од непознат маж кој му се заканил, по што започнала кризата. Портпаролот на локалната полиција информираше за првичните претпоставки…
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека Жичницата на Водно ќе остане затворена во текот на целата летна сезона поради утврдени сериозни технички недостатоци. По вонредниот увид, констатирано е дека објектот не бил целосно сервисиран од австрискиот производител „Допелмаер“ цели 15 години. „Побарав да дојдат претставници на ‘Допелмаер‘, по што беше утврдено дека не бил направен сервис. Биле барани понуди од фирмата, но ниту еднаш не бил склучен договор за целосно сервисирање. Увидот покажа дека гумичките биле изедени и поради тоа доаѓало до триење на гондолите. Исто така не работеле и неколку сензори. Поради овие причини можело да се случи…
Јавното претпријатие „Паркинзи Општина Центар“ (ПОЦ) воведува нови, повисоки цени за голем дел од своите услуги. Одлуката, која веќе е изгласана на седница на Советот на Општина Центар, опфаќа поскапување на месечните билети, дневните карти, услугите за бизнис секторот, како и за „пајак“ службата. Најголемо зголемување кај станбените дозволи има за второ возило, каде цената се дуплира од 250 на 500 денари месечно. За трето возило, станарите отсега ќе плаќаат 1.500 денари наместо досегашните 1.200. Удар по џебот ќе има и за оние кои користат комерцијално зонско паркирање. Дневните карти во зоните 1 и 2 се зголемуваат од 300 на…
На 10.05.2025 (недела) во периодот од 08:00 часот до 11:30 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи улична трка на 10 км, со стартна позиција на бул.„Илинден“ пред фонтана Лотос, а натпреварувачите ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, потоа по ул.„Никола Парапунов“ до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, десно до мост Влајко каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со ул.„Љубљанска“ каде што вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на ул.„Никола Парапунов“ и по бул.„Илинден“ до целта пред фонтана Лотос на бул.„Илинден“ во Скопје. Единицата…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Р.С.(54) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 23.12.2025, искористувајќи ги податоците и полномошното на покојниот сопруг, пријавената со дебитна картичка подигнала готовина од банкомат, извршила други плаќања, а на 24.12.2025 ги довела во заблуда вработените во банката, без да каже дека нејзиниот сопруг е починат, го искористила полномошното и на шалтер од банката подигнала пари.
