Author: Author 04

Во дворот на претседателскиот Кабинет, во присуство на основци од скопските училишта „Владо Тасевски“, „Димитар Миладинов“, „Исмаил Ќемаљи“ како и од „Блаже Конески“ од Прилеп, денеска се одржа церемонија на менување на државното знаме. Учениците љубопитно и со почит ја проследија свеченоста што традиционално ја реализира Баталјонот за почести при Армијата, а потоа ги разгледаа просториите на Кабинетот, се запознаа и разговараа со претседателката за нивните желби, амбиции и училишни активности, како и за потребата од поголема грижа за личното здравје и животната средина, за другарувањето и негувањето на бон-тонот во секојдневната комуникација. Низ разговорот и детските прашања се чувствуваше остроумноста на генерацијата којашто…

Повеќе

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари работна средба со заменик-амбасадорката на САД, Никол Варнс. На средбата беше истакнато дека законодавниот дом дејствува ефикасно во насока на исполнување на Реформската агенда и зајакнување на партнерството со Соединетите Американски Држави. Гаши ја информирал Варнс за тековните ангажмани на Собранието поврзани со приоритетите за пристапување во Европската Унија. Тој нагласил дека фокусот останува на демократските стандарди и квалитетната дебата при донесувањето на новите законски решенија. Клучен дел од разговорот бил посветен на модернизацијата на институцијата преку дигитализација, што според соговорниците е предуслов за поголема транспарентност и безбедност. Исто така, станало збор и…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати отворена покана до бугарскиот колега Румен Радев да ја посети земјава. Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на „Спортските игри за млади“, Мицкоски истакна дека е подготвен за дијалог на премиерско ниво. „Не гледам причина зошто да не го поканам. Ако ова е поканата вака еве го поканувам“, изјави Мицкоски. Во однос на очекувањата од новата бугарска влада, премиерот нагласи дека не очекува подобрување на односите сè додека опозицијата дома, според него, работи против националните интереси. „Се додека има котиња од СДСМ, кои што коленичат и кои што ги распродаваат македонските национални интереси, не очекувам…

Повеќе

Советот на Општина Кавадарци на денешната вонредна седница едногласно усвои серија заклучоци и иницијативи за помош на земјоделците кои претрпеа сериозни штети од пролетниот мраз. Советниците побараа од надлежното Министерство и Владата да се обезбедат зголемени субвенции за лозарите кај кои ќе биде утврдена штета. Меѓу барањата се и ослободување од воден надоместок за наводнување, како и ослободување од закупнина за земјоделско земјиште за погодените површини. Советот инсистира и на зголемување на процентот на државното обесштетување. „Општина Кавадарци да објави јавен повик со цел граѓаните на Општина Кавадарци кои што имаат претрпено материјална штета на земјоделските насади од природна непогода…

Повеќе

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска се приклучи на големата еколошка акција за чистење на главниот град. Тој порача дека иако службите работат со полн капацитет, одржувањето на хигиената зависи од секој поединец. „Градот денес се чисти повеќе од кога било. Но, Скопје ќе биде уште почисто само ако ние, самите, го чуваме. Затоа, да покажеме дека го сакаме градот убав“, истакна Ѓорѓиевски. Во акцијата, покрај градоначалникот, учествуваат илјадници граѓани, претставници на јавни институции и невладини организации. „Денес, со неколку илјади волонтери, организации, јавни институции ја започнавме заедничката акција за почиста средина“, информираше првиот човек на градот. Тој упати благодарност…

Повеќе

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност и раководството на СВР Велес, денеска учествуваше во пролетен марш на подрачјето на Неготино. Маршот се одвиваше на релација од месноста Острово до манастирот „Свети Ѓоргија“. Според министерот, ваквите активности се клучни за зајакнување на внатрешната кохезија во редовите на полицијата. „Овие активности ја јакнат сплотеноста, довербата и тимскиот дух во полицијата. Силна полиција се гради со професионалност, физичка подготвеност, ментална стабилност и меѓусебна почит“, истакна Тошковски. Тој упати благодарност до сите полициски службеници кои беа дел од денешниот настан, потенцирајќи ја насоката во која ќе…

Повеќе

Венко Филипче по цели две години чмаење на претседателското место на СДС даде ветување дека првиот премиерски потпис ќе го стави на закон против корупција. Нема потреба Венко Филипче да се изначека за премиерско место, на кое никогаш нема да седне, туку може веднаш да повика Васко Ковачевски екс директорот на РЕК да се врати од бегство и да одговара пред лицето на правдата за сомнежите за криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Владее чувството дека за многу скоро Венко Филипче ќе треба да одговара за набавката на кинеските вакцини Стабри и провизиите што ги договараше во ковид кризата, како и за…

Повеќе

Основното јавно обвинителство поднесе обвинителен предлог против припадник на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, поради сторено кривично дело „телесна повреда“. Настанот се случи во семејниот дом на обвинетиот, каде по вербална расправија, тој физички ја нападнал својата сопруга. Според наводите во предлогот, нападот се случил пред нивната малолетна ќерка. Обвинетиот ја удирал жената по лицето и главата, а потоа ја фатил за вратот и почнал да ја дави. На оштетената ѝ биле нанесени телесни повреди и сериозна психичка вознемиреност. Жената успеала да се засолни во тоалет, но кога се обидела да го напушти домот со детето, сопругот ѝ го одзел…

Повеќе

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска најави дека Владата будно ги следи состојбите на берзите и дека е можна нова рунда преговори за продолжување на попустот за нафтените деривати по 18 мај. „Следиме се што се случува. Нашите мерки моментално се до 18 мај, што значи дека следната недела ќе видиме што ќе се случува со цените на берзата и со војната. Неколку дена пред истекот на овој рок ќе видиме до каде сме со цените и ако е потребно повторно ќе преговараме со ОКТА за продолжување на попустот. Правиме се што е во интерес на…

Повеќе

Германскиот град Зинциг од утринава е во центарот на заложничка криза во филијала на „Фолксбанк“. Специјални полициски единици го опколија објектот, а над градот патролираат хеликоптери во обид да се стави ситуацијата под контрола. Според информациите на германски „Билд“, драмата започнала околу 9 часот утрово, по што целиот центар на градот е блокиран и ограден од полициските сили. Инцидентот започнал во моментот кога возило за транспорт на пари пристигнало пред банката. Кога еден од вработените излегол од оклопниот камион, бил пресретнат од непознат маж кој му се заканил, по што започнала кризата. Портпаролот на локалната полиција информираше за првичните претпоставки…

Повеќе