Close Menu
Press24
    Најново

    Возел без дозвола, направил сообраќајка и избегал – МВР го фати

    29.10.2026 во 09:47

    Љубовен пресврт за едни, успех на работа за други: Хороскоп за 29 октомври

    29.10.2026 во 09:38

    Валандово со проекти вредни милиони денари, финансиска поддршка и за учениците

    29.10.2026 во 09:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Возел без дозвола, направил сообраќајка и избегал – МВР го фати
    • Љубовен пресврт за едни, успех на работа за други: Хороскоп за 29 октомври
    • Валандово со проекти вредни милиони денари, финансиска поддршка и за учениците
    • ФОТО: Два тона небезбедно месо ќе се уништува на Дрисла – Се продавалло преку социјални мрежи
    • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
    • Паркот во Градски ѕид доби нови содржини и 90 нови садници и дрвја
    • Утрово голема акција: Претреси низ Македонија – под истрага приватни болници и екс директор на ФЗОМ
    • Мицкоски: Градиме посилна и современа држава, 535 нови возила за шест сектори
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лоши вести за возачите: Нафтата драстично поскапе

    Лоши вести за возачите: Нафтата драстично поскапе

    29.09.2026 во 10:171 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Цените на нафтата денеска пораснаа втор ден по ред, при што европската нафта Брент се искачи над 107 долари за барел. Главна причина за растот се стравувањата на пазарите дека конфликтот на Блискиот Исток би можел да се одолговлекува, и покрај обновените дипломатски напори за намалување на тензиите.

    Според податоците што ги објави Си-Ен-Би-Си (CNBC), фјучерсите за сурова нафта Брент од Северното Море за испорака во ноември пораснаа за 1,73 отсто и достигнаа 107,10 долари за барел. Во исто време, американската WTI нафта забележа раст од 1,58 отсто, достигајќи 94,06 долари.

    Во меѓувреме, според извештаите на медиумите, САД и Иран водат одделни индиректни разговори преку медијатори во нов обид да се стави крај на кризата. Иран водел индиректни разговори со САД во Њујорк преку катарски медијатори, објави Ал Џезира.

    На берзите во Европа, октомвриските фјучерси за гас се тргуваа по 71,660 евра за мегават-час на отворањето на берзата ТТФ во Амстердам. Основните европски берзански индекси бележат мешани движења, додека приносите на 10-годишните државни обврзници на еврозоната се задржаа на 3,64 отсто, што претставува највисоко ниво од 2009 година.

    Прочитај повеќе

    Од понеделник нови броеви на банкарските сметки на сите граѓани – се што треба да знаете

    28.10.2026 во 10:41

    Лоши вести: Цената на нафтата расте

    28.10.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.