- Дожд, град и грмотевици во цел регион – Невреме доаѓа и кон Македонија
- Алиу ќе одржи брифинг по повод една година на чело на Министерството за здравство
- Земјотрес ја стресе Македонија
- Сиљановска се сретна со Јотова: Да продолжиме да разговараме за тешките прашања
- Брза интервенција спречи пожарот да стигне до куќите – Детали за состојбата во Штип
- Најавени исклучувања во Скопје – Ќе нема струја до 16 часот
- Четири точки на дневен ред – ДКСК денеска ќе ја одржи 33-та седница
- Од правосудство до енергетика: Во Собранието денеска седници на седум комисии
Author: Author 04
Вчера во 21:50 часот во СВР Скопје, Г.К.(45) од Скопје пријави дека околу 20:50 часот во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од А.С.(53) од Скопје. Претходно, А.С. пријавил дека околу 20:00 часот, група на малолетници, со разни предмети фрлале кон неговиот угостителски објект, кој се наоѓал во трговскиот центар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Две лица се убиени, а три се повредени во жестока пукотница што денеска се случи во францускиот град Ница. Инцидентот се случил на плоштадот „Амарилис“ во населбата Мулен, каде напаѓачи од возило во движење отвориле оган кон случајни минувачи. Според информациите на „Le Parisien“, еден од повредените е во критична состојба. Напаѓачите по пукањето веднаш побегнале од местото на настанот, а полицијата трага по возилото. Поради пукотницата, сите училишта во населбата и средното училиште „Жил Ромен“ беа привремено блокирани. Регионалниот образовен орган за „TV BFM Nice Côte d’Azur“ потврди дека областа е брзо обезбедена и училиштата се повторно отворени. Градоначалникот…
Примирјето меѓу САД и Иран е „на апарати за одржување во живот“, рече Доналд Трамп. „Како доктор да дојде и да каже: „Господине, вашиот близок има 1% шанса за преживување“, рече американскиот претседател, зборувајќи на настан во Овалната соба. Примирјето што Трамп го објави на почетокот на минатиот месец стана сè покревко бидејќи двете страни разменија оган во последните денови. Доналд Трамп рече дека има „голема група генерали“ кои го чекаат да разговара за војната со Иран. Домаќин на настан во Овалната соба за мајчиното здравје, Трамп рече дека присутните нема да зборуваат долго бидејќи е потребен на друго место.…
Според астролошките анализи, Јарецот, Скорпијата и Лавот се трите знаци кои поседуваат најголема самоконтрола и внатрешна дисциплина. Иако имаат различни пристапи кон проблемите, заедничко им е што не дозволуваат емоциите целосно да ги скршат. Јарецот својата издржливост ја гради преку дисциплина. Тие ги обработуваат тагата и разочарувањето „сами, далеку од очите на јавноста“, поради што често во околината делуваат ладно и незаинтересирано. Кај Скорпијата, менталната сила доаѓа од способноста да се соочат со болката наместо да бегаат од неа. Тие не бараат туѓо разбирање и успеваат да останат смирени дури и кога минуваат низ најтешките животни бури. Лавовите својата стабилност…
Летото 2026 година ветува динамичен период за сите хороскопски знаци, исполнет со емотивни предизвици, но и големи можности за напредок. Главниот астролошки настан е влегувањето на Јупитер во знакот на Лав на 30 јуни, што ќе донесе период на проширување на хоризонтите и личен процут. Сепак, сезоната започнува со ретроградниот Меркур, кој од 29 јуни до 23 јули ќе ги стави во фокус емоциите од минатото. Овој период не треба да се гледа како казна, туку како шанса за средување на старите сметки пред настапувањето на големите промени во август. За Овните почетокот на летото носи средби со поранешни партнери,…
Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска усвоија нов пакет санкции насочен против одговорните за депортацијата и присилното посвојување на украински деца. Со мерките се опфатени 16 поединци и седум организации. Овој потег, како што се наведува во официјалното соопштение, „ги таргетира оние одговорни за систематската незаконска депортација, присилното преместување, присилната асимилација, вклучително и индоктринација и милитаризирано образование на украински малолетници, како и нивното незаконско посвојување и отстранување во Руската Федерација и во рамките на привремено окупираните територии“. Санкциите предвидуваат замрзнување на средства во рамките на Унијата и забрана за влез на санкционираните лица. Меѓу организациите се најдоа групи…
Млад полициски службеник го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила во местото Угљевичка Обријеж кај Угљевик. Дваесет и петгодишниот Немања Алемпиќ починал на лице место по фаталниот удар. Според полициските информации, несреќата се случила околу 2 часот по полноќ, кога Алемпиќ управувал патничко возило „голф“ кое излетало од коловозот. Увид на местото извршил дежурен обвинител од Окружното јавно обвинителство во Бијељина, кој веќе води истрага за утврдување на причините. Од Министерството за внатрешни работи на Република Српска соопштија дека Алемпиќ пет години бил дел од полицијата во Бијељина, опишувајќи го како „млад, посветен и одговорен службеник“. Колегите…
11-годишна малолетничка од Свети Николе паднала од велосипед – со тешки повреди пренесена во болница
Вчера околу 19:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека кај место викано „Рудина“ на некатегоризиран пат, 11-годишна малолетничка од Свети Николе, управувајќи велосипед, паднала, при што се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид.
Поради планирани технички зафати во електросистемот, делови од скопските населби Волково и Долно Соње утре ќе останат без напојување со електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија. Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата „95“ во населбата Волково. Подоцна во текот на денот, во интервалот од 12:00 до 15:00 часот, прекин во снабдувањето ќе има и во село Долно Соње, поточно за корисниците од дел на улицата „16“.
Вчера во 04:00 часот во СВР Скопје, Т.К.(47) од Скопје пријави дека на подрачјето на Центар, нејзината 17-годишна ќерка паднала во отвор за лифт во зграда во изградба и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
