Author: Author 04

Во утринските руски воздушни напади со ракети и беспилотни летала врз Киев загинаа најмалку две лица, меѓу кои и едно дете, додека четири лица беа повредени, објави „Киев Индепендент“. Нападите се дел од серијата засилени удари врз украинскиот главен град со цел исцрпување на воздушната одбрана. Во одделен ноќен напад повредено е едно лице, а оштетени се железничко депо, центри за податоци и образовна институција. Во Сумскиот регион, пак, во напад со водена бомба врз училиште се повредени три деца кои биле во засолниште. Од украинската војска информираа за успеси во операцијата „Вивалди“ со ослободување на три населени места, додека…

Повеќе

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран во Грција утрово во 07:21 часот, соопштија сеизмолошките служби. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал недалеку од главниот град Атина. Информациите од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар покажуваат дека хипоцентарот бил на мала длабочина од приближно 4 километри под површината. Надлежните служби ја следат ситуацијата на терен, а во моментов нема пријавени извештаи за евентуална материјална штета или повредени лица.

Повеќе

Владата на денешната седница ја разгледа информацијата за состојбата настаната како последица на техничката хаварија во зградата на „Нова Македонија“, во која се сместени осум државни институции, како и за досега преземените и планираните активности за санација и целосно нормализирање на условите за работа. Имајќи ги предвид последиците од хаваријата, особено продирањето на вода во дел од електричните инсталации, како и потребата од спроведување на неопходни технички и безбедносни проверки пред повторно ставање на објектот во функција, Владата донесе заклучок со кој им се препорачува на институциите да го реорганизираат работењето. Од Владата појаснија: – Се препорачува на институциите сместени…

Повеќе

Британската служба за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти дека брод се запалил синоќа во Ормуската теснина откако бил погоден од „проектил од непознато потекло“. И покрај инцидентот, надлежните служби потврдија дека ситуацијата е санирана. Во соопштението е наведено: – Пожарот е ставен под контрола и бродот продолжил да плови. Екипажот е безбеден. Од UKMTO додадоа дека засега нема докази за еколошка штета. Стратешки важната теснина, преку која пред конфликтот се транспортираше значителен дел од светските енергенси, е жариште откако ескалираа тензиите меѓу САД, Израел и Иран, што доведе до ограничување на сообраќајот и поморски блокади. Иако во последните недели има…

Повеќе

Новата седумгодишна финансиска рамка на Европската Унија за периодот 2028-2034 година се соочува со сериозни несогласувања уште пред да биде усвоена. Германија, Холандија, Шведска, Данска, Австрија и Финска предупредуваат дека би можеле да го блокираат предлог-буџетот доколку планираните расходи не бидат значително намалени, објави „Фајненшл тајмс“. Според предлогот на Европската комисија, новиот буџет би можел да достигне речиси два трилиони евра. Шесте земји, кои се меѓу најголемите нето-придонесувачи во европскиот буџет и заедно обезбедуваат околу 40 отсто од приходите, сметаат дека е потребна „фундаментална реформа“ на распределбата на средствата. – Доколку буџетските расходи не се намалат за стотици милијарди, нема…

Повеќе

Вчера во 20:00 часот во СВР Скопје, 68-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, била физички нападната од нејзината сестра Н.М. (73). Според пријавата, 73-годишната сестра во нападот употребила метален предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Утрово во 05:55 часот во село Липково, товарно возило кое превезувало дрва не застанало на даден знак стоп од полициски службеници, при што удрило во службено возило на МВР, а потоа возачот на товарното возило со две лица кои пристигнале со патничко возило, физички нападнале двајца полициски службеници кои извршувале службени дејствија, соопштија од полицијата во дневниот билтен. 

Повеќе

Вчера во 00:30 часот полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода двајца малолетници од село Матејче, липковско, затоа што во истото село со остар предмет нападнале 16-годишник, кој се здобил со тешка телесна повреда и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош, информираат од МВР. „По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Повеќе

Една наставничка почина, а уште две лица се здобија со повреди во сериозен инцидент што се случи во основно училиште во словачкото место Сташков. Според првичните информации, во нападот со нож бил вклучен ученик од осмо одделение. Починатата наставничка имала 61 година, додека меѓу повредените се и ученичка која е во критична состојба, како и 44-годишна наставничка со убодна рана во пределот на градите. На местото на настанот интервенирале полициски и медицински екипи, вклучително и два спасувачки хеликоптери со кои повредените беа пренесени во болниците во Мартин и Жилина. Местото на настанот го посетија словачкиот министер за внатрешни работи Матуш…

Повеќе

Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ изврши поставување нови антипаркинг столпчиња на неколку фреквентни локации во општината, со цел да се стави крај на непрописното и дивото паркирање. Акцијата опфати две сообраќајници, односно улицата „Маџари“ во населбата Маџари и улицата „Јани Лукровски“ во Автокоманда. Од претпријатието истакнуваат дека со овие мерки директно се спречува непрописното паркирање на возилата на тротоарите и се овозможува безбедно и непречено користење на пешачките површини од страна на граѓаните.

Повеќе