Author: Author 04

Светот се соочува со закана од масовна хуманитарна криза доколку сообраќајот низ Ормускиот теснец не биде итно воспоставен, предупредува Работната група на Обединетите нации. Според проценките на експертите, околу 45 милиони луѓе се изложени на ризик од глад поради прекинот на транспортните рути за ѓубрива. Извршниот директор на Канцеларијата на ОН за проектни услуги (UNOPS), Мореира да Силва, посочи дека токму низ овој премин се транспортира една третина од светските резерви на клучни суровини како амонијак, сулфур и уреа. „Ни преостануваат само неколку недели за да спречиме она што веројатно ќе стане масовна хуманитарна криза“, изјави да Силва за AFP.…

Повеќе

Делови од неколку скопски општини денеска ќе се соочат со привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија, соопштуваат од ЕВН Македонија АД. Причина за исклучувањата се планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа. Според најавата, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „95“ во населбата Волково, која припаѓа на Општина Ѓорче Петров. Дополнително, во текот на денот интервенции ќе се вршат и во Општина Сопиште. Таму, во периодот од 12:00 до 15:00 часот, прекин во снабдувањето ќе има кај дел од корисниците лоцирани на улицата „16“ во селото Долно Соње. Од компанијата информираат дека…

Повеќе

Студен бран проследен со снежни врнежи ја зафати Европа среде месец мај. Според информациите од метеорологот Славчо Попоски, во Германија денеска, 12-ти мај, е регистрирана снежна бура, а истиот овој ладен фронт веќе се спушта кон подрачјето на Балканот. Промената на времето кај нас се очекува да настапи до крајот на денешниот ден. Како што најавува Попоски, температурите нагло ќе опаднат, а на повисоките предели се очекуваат и врнежи од снег. „Ладниот бран се спушта кон Балканот и до вечерва ќе донесе снег на планините а температурите нагло ќе опаднат и за повеќе од 15 степени“, стои во неговата прогноза.…

Повеќе

Здравствените власти во Холандија воведоа итни мерки на претпазливост откако 12 вработени во болницата „Радбауд“ во градот Најмеген беа ставени во карантин. Како што пренесуваат холандските медиуми, причината е можна изложеност на хантавирус при лекување на пациент кој претходно патувал на крузерот „Хондиус“. Болницата соопшти дека дел од персоналот не ги следел целосно строгите безбедносни протоколи при контакт со крв и урина од заразениот пациент. Иако ризикот од пренос на инфекцијата е оценет како низок, одлучено е тие лица да останат во изолација во наредните шест недели. Од здравствената установа не откриваат дали станува збор за лекари, медицински сестри или…

Повеќе

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на покана на својот словачки колега Роберт Калинак ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија – IDEB, кој се одржува во Братислава, Словачка. За време на саемот предвидено е министерот Мисајловски да реализира одвоени билатерални средби со домаќинот, министерот за одбрана на Словачка Република, Роберт Калинак и со министерот за одбрана на Република Чешка, Јарослав Зуна. Годинашниот меѓународен саем IDEB, е најавен како најголем досега, со учество на над 150 излагачи од 16 земји, на кој ќе бидат изложени современи воени системи и опрема.

Повеќе

За ВРЕДИ, демократијата започнува таму каде што граѓанинот го живее своето секојдневие, во општината, во маалото, во училиштето, на улицата што ја користи и во услугите што ги добива. Токму затоа децентрализацијата има централно место во програмата на ВРЕДИ, се наведува во партиското соопштение.  „ВРЕДИ и дава ново значење на децентрализацијата.За нас, тоа подразбира одлучувачка автономија за општините, фискална децентрализација, поголем простор за прекугранична соработка, поттикнување на локалниот економски развој и посилна улога на локалната власт во основното и средното образование. ВРЕДИ се залага општините да имаат јасни надлежности, средства и право самостојно да одлучуваат за своите развојни приоритети. Тоа…

Повеќе

Уште 19 дена до рокот кој ќе потврди неисполнување на реформите од Владата на Мицкоски. Додека Тимчо Муцунски тврди дека владата постигнала конкретни резултати во спроведувањето на Реформската агенда реалноста е сосема поинаква, се вели во соопштението од СДСМ. „Нема реформи, нема резултати, нема напредок. Единствено што гледаат граѓаните се секојдневни конфликти и нови изговори за неисполнување на реофрмите. Бидејќи нема никакви реформи, Христијан Мицкоски повторно ја активира добро познатата стратегија за мачкање очи на јавноста и дефокусирање од сопствениот неуспех. Намерно ги заострува односите со Бугарија, создава нови тензии и конфликти, наместо да гради позиции за напредок на државата…

Повеќе

Градежните активности на автопатот Охрид – Кичево влегуваат во последната финална фаза, напиша на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и објави видео од автопатот. Погледнете го текот на работата на преостанатиот дел од делницата Охрид – Кичево, кадешто последниве две години изградивме многу и наскоро македонските граѓани ќе возат по овој автопат. Ја градиме Македонија – напиша вицепремиерот Николоски.

Повеќе

Дизелот од полноќ се продава по пониска цена за 4 денари за литар, додека бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 останa со иста цена. Според новата одлука за малопродажните цени на горивата, ЕУРОДИЗЕЛ чини 89,50 денари за литар, што е намалување за 4 денари во однос на досегашната цена. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува и останува 85 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтини за 0,50 денари и се продава по 86,50 денари за литар. На овие цени треба да се пресмета и попустот кој го даваат најголемиот дел од бензинските пумпи низ Македонија па со него, литар дизел ќе чини…

Повеќе

Денешниот ден носи зголемено темпо и простор за паметни, брзи решенија благодарение на позицијата на Месечината во Овен и нејзиниот аспект со Уран. Астролозите советуваат дека ова не е време за тежок притисок, туку за стратешки потези. „Ова е ден кога брзината не значи хаос, туку паметно движење напред“, заклучуваат астролозите.

Повеќе