Close Menu
Press24
    Најново

    Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија

    28.10.2026 во 15:59

    Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС

    28.10.2026 во 15:49

    Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

    28.10.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
    • Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена
    • Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво
    • ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
    • Кражба во охридски хостел: Египќанец украл телефон и пари од гости, па приведен на автопатот Тетово – Скопје
    • Мицкоски: Сите потврдија дека сме земја со најголем раст во регионот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МВР во акција: Приведени 21 возачи, 11 немале положено, 10 биле пијани

    МВР во акција: Приведени 21 возачи, 11 немале положено, 10 биле пијани

    27.09.2026 во 12:002 Mins Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 21 возачи и со еден е извршен службен разговор поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, соопшти МВР.

    Од нив, 10 лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: Н.М.(41) од с.Сарај, скопско, А.Р.(25) од с.Батинци, скопско, Х.Ш.(35) од с.Неготино, гостиварско, 16-годишник од с.Видуше, Општина Маврово и Ростуше, А.С.(31) од с.Ковач, Оштина Македонски Брод, А.Д.(32) од с.Корошишта, струшко, Ќ.С.(62) од Градско, Е.Ј.(27), Е.Д.(43) и Н.Ј.(22), сите од Скопје, од кои Н.Ј. возел и со брзина поголема од дозволената.

    Исто така, полициски службеници од ОВР Пробиштип, во присуство на родител, извршиле службен разговор со 16-годишник од с.Приковци, кратовско, затоа што управувал мопед без возачка дозвола.

    Под дејство на алкохол возеле 10 лица и тоа: Д.Д.(39) од кумановско, С.К.(40) од с.Ињево, радовишко, Г.И.(31) од с.Дулица, Општина Македонска Каменица, О.В.(27) од Македонска Каменица, М.У. (44) од Кичево, Д.М.(24) од с.Брвеница, тетовско, З.С.(54) од Скопје, Н.З.(64) од Битола, А.Н.(46) од Прилеп и С.Ј.(66) од с.Селце, прилепско.

    Додека пак, лицето В.Д.(37) од Македонски Брод управувал патничко возило со активна забрана за управување возило од Б категорија.

    По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

    Прочитај повеќе

    Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена

    28.10.2026 во 15:10

    Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво

    28.10.2026 во 14:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.