- Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
- Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
- На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
- ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
- ВИДЕО од големиот пожар во Штип
- Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
- Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
- Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Author: Author 04
По неколкунеделна потрага, полските власти потврдија дека 23-годишниот Никодем Чижевски, познат на интернет како Лил Нарцис, е пронајден мртов во Хрватска. Младиот креатор на содржини последен пат стапил во контакт со своето семејство на 8 април, по што му се изгуби секаква трага. Полицијата од полскиот град Гливице соопшти дека операцијата за негово пронаоѓање е официјално прекината по добивањето на трагичните информации од хрватските власти. „Потрагата по младиот жител на нашиот регион е во тек од моментот кога е пријавен за исчезнат. Полицајци од Полициската управа на градот Гливице беа вклучени во операцијата и, со поддршка на претпоставените единици, тие…
Научниците од организацијата OCEARCH регистрираа присуство на голема бела ајкула во близина на популарните плажи на американската држава Њу Џерси. Станува збор за младата женка по име Нори, долга 2,7 метри и тешка околу 192 килограми, која е дел од глобалната програма за мониторинг. Експертите откриваат дека ова е една од првите големи бели ајкули регистрирани за време на сезоната на миграција оваа година. Иако нејзините движења се природни, појавата на предаторот предизвика внимание кај пливачите и сурферите во овој регион. Нори последен пат била лоцирана во близина на Нова Шкотска минатиот октомври, по што ги поминала зимските месеци во…
ВМРО-ДПМНЕ јасно и недвосмислено го осудува говорот на министерката за надворешни работи на Бугарија, Весислава Петрова Чамова, во кој вели ,,северномакедонски”, се наведува во партиското соопштение. „Во контекст на изјавата, министерката Петрова Чамова, го искористи поимот ,,северномакедонски” за означување на македонскиот народ, а тоа е неточно и несоодветно. Во Македонија живеат Македонци, Албанци, Срби, Турци, Власи, Роми, Бошњаци, но Северномакедонци нема. Повикуваме на разумност и внимателност во говорите на бугарските политичари, за да не можат истите да бидат искористени за политички цели. Воедно, ги повикуваме и останатите политички партии да го осудат овој говор на министерката Петрова Чамова, со цел…
Сервилноста и поданството на СДС и Венко Филипче кон туѓи држави и интереси, не е европска вредност. Сервилноста на СДС и Филипче е продолжение на антидржавната и предавничка политика која ја започна Заев и ја продолжи Ковачевски, само за да дојдат и ден повеќе да останат на власт, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Знаејќи дека во Македонија граѓаните не го поддржуваат што се покажува и со рејтинг во рамки на статистичка грешка од само 4%, СДС и Венко Филипче се свртија на нивната добро позната тактика, да одработуваат за туѓи интереси, да ја кодошат државата и од опозиција да…
Иранскиот парламент планира да разгледа зголемување на нивото на збогатување на ураниум на 90% во случај на нов воен напад од страна на Соединетите Американски Држави. Ваквата најава доаѓа од пратеникот Ебрахим Резаи, портпарол на парламентарниот комитет за национална безбедност и надворешна политика. Резаи преку социјалните мрежи информираше дека ова е една од клучните опции за кои во моментов се дискутира во Техеран како одговор на евентуална нова ескалација. „Една од опциите на Иран во случај на уште еден напад би можела да биде збогатување од 90%. Ќе го анализираме ова во парламентот“, изјави Резаи. Ваквото ниво на збогатување е…
Цените на нафтата на светските берзи денеска бележат нов раст, по намалените надежи за брз дипломатски договор меѓу САД и Иран. Оваа ситуација директно влијае врз стабилизацијата на сообраќајот низ Ормускиот Теснец, што дополнително ја подгрева неизвесноста кај трговците со енергенси. Нафтата од типот Брент се искачи за околу 2 проценти и се тргува над 106 долари за барел, додека американската лесна нафта (WTI) ја надмина психолошката граница од 100 долари. Пазарите реагираат на стравот дека кризата може да продолжи и да предизвика нови нарушувања во снабдувањето. Клучна причина за ваквите движења се преговорите меѓу Вашингтон и Техеран. Американскиот претседател…
Градскиот парк, на познатата локација „Школка“, од утре, среда, 13 мај 2026 година, повторно станува место на добра енергија, врвно македонско вино, богата гастрономија и квалитетна музика, напиша во својата објава градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. „Со почеток во 18:00 часот, започнува јубилејното 15. издание на фестивалот на виното „ВИНОСКОП 2026“, кој годинава ќе трае пет дена, сè до недела, 17 мај 2026 година, под покровителство на Град Скопје. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат различни видови вина од бројни македонски винарии и производители на квалитетно македонско вино, претставени на фестивалските штандови. Покрај винската понуда, „ВИНОСКОП 2026“ ќе понуди…
„Според многу параметри, посебно за време на криза, 4% инфлација, според онаа Организација за земјоделие дури и до 8% инфлација е прифатливо во кризна состојба. Основните прехранбени производи, во најголем дел имаат 5% стапка на ДДВ. Зборуваме тука за производи од брашно, производи од млеко итн., коишто се навистина основни“, рече Игор Здравковски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Анализа на ТВ 24. Пратеникот Здравковски посочи дека преку конкретни мерки се штити стандардот на граѓаните. Тој додаде дека и поддршката во делот на компаниите е многу поголема за разлика од претходно, како и во делот на земјоделието,…
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против И.Ѓ.(26) од село Ново Конско, гевгелиско, П.Ч.(33) од Гевгелија и В.С.(51) од Струмица поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Пријавениот И.Ѓ. организирал набавка на кокаин и, по претходен договор со пријавениот П.Ч., го ангажирал со неговото возило да го пренесе до третопријавениот В.С.. Откако кокаинот бил доставен до В.С., тој го сокрил, односно го закопал во земја на место викано „Топо” во атар на с.Босилово, струмичко. По добиени сознанија и преземени службени…
Српскиот државјанин С. М. (42) е лишен од слобода во Скопје во заедничка координирана акција на македонската и српската полиција. Тој се сомничи за подготовка на платено убиство, а неговото лоцирање е резултат на долготрајна оперативна размена на информации помеѓу Службата за сузбивање на криминалот (УКП) на Србија и македонското МВР. Осомничениот бил пронајден во „засолниште“ во главниот град, каде полицијата при рација открила арсенал оружје и специфична тактичка опрема. Меѓу запленетите предмети се пиштол марка „CZ“ со целосна рамка, воен нож, како и црна тактичка униформа. Истрагата потврди дека С. М. ја преминал границата нелегално, а кај него била…
