Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини
    • Пронајдени клуч од мотор поврзан со убиство, бомба и пиштоли – отворена истрага за млад скопјанец
    • Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Обвинителството бара доживотен затвор
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судењето за кочанската трагедија преминува во фаза на одбрана, обвинетите ќе имаат дури 244 сведоци

    Судењето за кочанската трагедија преминува во фаза на одбрана, обвинетите ќе имаат дури 244 сведоци

    30.09.2026 во 15:332 Mins Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По речиси една година од почетокот на судскиот процес за кочанската трагедија, кој опфаќа повеќе од 30 обвинети, предметот влегува во нова фаза во која одбраната ќе започне со изведување на своите докази, вклучувајќи материјални докази и листа од 244 сведоци. Ова го соопшти претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, на нејзиниот прв брифинг со новинарите, каде што беа презентирани детали за работата на судот, кадровските предизвици и статистиката за старите предмети.

    Димовска информираше дека на 14 септември завршило изведувањето докази од страна на Јавното обвинителство, во кое беа презентирани 1.309 докази и сослушани 45 сведоци и пет вештаци низ 49 одржани рочишта без ниту едно одложување. Во наредните денови се очекува одлука и за притворот на првообвинетиот Дејан Јованов, сопственик на објектот „Пулс“, за кој одбраната понудила и имотна гаранција од 200.000 евра, за што се чека мислење од Обвинителството.

    Говорејќи за актуелните судски предмети, претседателката на судот се осврна и на прашањата поврзани со нејзиниот брат, кој е меѓу осомничените во предмет поврзан со кочанската трагедија, истакнувајќи дека овој брифинг е посветен на работата на Основниот кривичен суд Скопје и дека не може да коментира постапки кои се водат во Кочани, но додаде:

    – Постои перцепција оти мојата функција би можела позитивно да влијае врз состојбата на мојот брат, но функцијата на судија носи и пријатели и непријатели, поради што не би знаела во каква положба се наоѓа тој.

    На брифингот беа претставени и податоци за намалувањето на старите предмети од 896 во август 2025 година на 368 во август 2026 година, како и податоци за други значајни предмети како „Крмзов“, „Титаник“, „Беланоца“ и „Талир 1“, кој повторно ќе почне од почеток. Воедно, беше укажано на сериозниот недостиг на кадар, имајќи предвид дека од предвидените 628 работни места во моментов се активни само 208, а судот се соочува и со одлив на судии во пензија.

    Прочитај повеќе

    Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини

    06.10.2026 во 16:16

    Пронајдени клуч од мотор поврзан со убиство, бомба и пиштоли – отворена истрага за млад скопјанец

    06.10.2026 во 16:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.