Close Menu
Press24
    Најново

    Македонската полиција казнува за овој прекршок – Ќе ве „удри по џебот” за 50 евра

    30.09.2026 во 09:31

    Орце го светна Камени Мост

    28.09.2026 во 09:24

    Мицкоски за рудникот во Крива Паланка: „Појдете и прашајте ги луѓето“

    29.09.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јаневска: Ниту еден студент кој ги исполнува условите нема да остане без соба
    • Шасивари најави средба со Филипче за враќање на СДСМ во изборните реформи
    • (ФОТО) Акции на Царината: 12 мигранти сокриени во камиони на терминалите во Тетово и Скопје
    • Милошоски на Регионалната конференција во Скопје: Навременото препознавање на ризиците и транспарентноста се клучни во борбата против корупцијата
    • (ФОТО) Мицкоски од пуштањето во употреба на „Стив Наумов“: 1.150 студенти добиваат врвни европски услови за живот и студирање
    • Мицкоски најави разрешување на директорот и Управниот одбор на „Македониум“
    • Ѓорѓиевски ги засука ракавите: Илјадници скопјани во акција за чистење на градот, најавени нови еко-иницијативи двапати месечно
    • Мицкоски во пресрет на средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска: Ниту еден студент кој ги исполнува условите нема да остане без соба

    Јаневска: Ниту еден студент кој ги исполнува условите нема да остане без соба

    30.09.2026 во 13:421 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје, потврди дека во Министерството пристигнале две иницијативи за подобрување на студентскиот стандард, за кои во моментов се вршат анализи и пресметки.

    Осврнувајќи се на барањата и буџетските можности, министерката Јаневска истакна:

    – Ние ги анализираме и правиме пресметки и јас се надевам дека ќе изнајдеме решение во рамките на нашите буџетски можности и тоа ќе им биде соопштено на студентите. Јас исто така повеќепати сум рекла дека ќе има приоритети и еве, ова е приоритет – нивното живеење и нивните услови за учење се приоритет. За еден-еден и пол месец и пол ќе се видиме во Кузман и тоа се, јас ги кажав средствата кои се трошат.

    Министерката додаде дека во изминатиот период се инвестирало и во опремување на факултетските лаборатории:

    – Односно нагледните средства, каде што тие учат и работат. Така што верувам дека и сите нивни барања со тек на време ќе ги исполниме, повторувам, во рамки на буџетските можности.

    Нагласувајќи дека сместувањето се одвива според планот, Јаневска потврди дека сите редовни студенти што ги исполнуваат условите ќе добијат свое место во домовите.

    Прочитај повеќе

    Шасивари најави средба со Филипче за враќање на СДСМ во изборните реформи

    30.09.2026 во 13:37

    (ФОТО) Акции на Царината: 12 мигранти сокриени во камиони на терминалите во Тетово и Скопје

    30.09.2026 во 13:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.