Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Над 200 камери ќе се поставуваат низ Скопје против дивите депонии и вандализмот во парковите
    • „Ме следеше и ме допираше по телото“ – исплашена скопјанка се јавила во полиција
    • Претепан ученик на голем одмор, напаѓачот извадил и пиштол – Драма пред училиште во Скопје
    • Хорор во Скопје: 17-годишник избодел 15-годишник
    • Скопје: Шестгодишно дете тешко повредено во сообраќајна несреќа со тротинет и автомобил
    • Се преврте автомобил во Скопје – повредени две млади девојки
    • „Мојот син е претепан од наставникот“ – Инцидент во основно училиште во Скопје
    • Мицкоски: Ако не правиме повеќе деца први сме на удар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Милошоски на Регионалната конференција во Скопје: Навременото препознавање на ризиците и транспарентноста се клучни во борбата против корупцијата

    Милошоски на Регионалната конференција во Скопје: Навременото препознавање на ризиците и транспарентноста се клучни во борбата против корупцијата

    30.09.2026 во 13:081 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, се обрати на отворањето на Регионалната конференција за спречување на корупцијата и проценка на корупциските ризици во Западен Балкан, која се одржува во Скопје. Настанот обединува претставници на институции од регионот и меѓународни партнери со цел унапредување на интегритетот и заштита на јавниот интерес.

    Во своето обраќање, Милошоски истакна дека спречувањето на корупцијата бара ризиците да се препознаваат навреме, а наодите од надлежните институции да водат до конкретни мерки. Тој посебно ја нагласи важноста од транспарентно трошење на јавните средства, следење на ревизорските препораки и идентификување на ранливите точки во јавните набавки.

    Осврнувајќи се на институционалната соработка, потпретседателот ја истакна улогата на Собранието и соработката со Државниот завод за ревизија, потсетувајќи на Меморандумот склучен во 2022 година. Исто така, тој го нагласи значењето на новиот Предлог-закон за државната ревизија, кој е во собраниска постапка, а кој предвидува поголема транспарентност на извештаите и посилен парламентарен надзор.

    Прочитај повеќе

    Над 200 камери ќе се поставуваат низ Скопје против дивите депонии и вандализмот во парковите

    20.10.2026 во 15:28

    „Ме следеше и ме допираше по телото“ – исплашена скопјанка се јавила во полиција

    20.10.2026 во 15:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.