Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека демографските политики и поддршката на многудетните семејства се директно поврзани со иднината на македонската економија.
„Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, за жал, македонската економија ќе биде прва која ќе биде на удар“, рече Мицкоски.
Тој предупреди дека во иднина може да бидат потребни многу повеќе работници за да се задржи економската активност, посочувајќи го примерот на западноевропските земји кои, според него, издаваат стотици илјади, па и милиони работни дозволи за мигранти, а сега се соочуваат со протести, како оној во Франција.
„Колку и да сакаат да ме исмејуваат, јас ќе останам на оние семејни политики, на многудетни семејства и на политиките кои значат иднина за Македонија“, изјави премиерот.
Според Мицкоски, целта е создавање нови работни места за домашните работници и поконкурентна економија која ќе расте, а не само ќе го одржува постојното ниво.

