Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Добри вести: Вонредно намалување на цената на дизелот во Македонија
    • Радески: Изборите во Брвеница уште еднаш покажа дека СДСМ е единствената вистинска опозиција во Македонија
    • Николоски и Лукровски договорија нови проекти за Карпош: Општината добива поддршка од 11 милиони евра
    • Со метален предмет го нападнале сопственикот и една вработена во продажен објект – тројца стружани заработија кривична
    • (ФОТО) Георгиевски: Целосно реконструирано мултинаменското спортско игралиште во Илинден
    • Груби за прв пат на суд како слободен човек – пречек како што доликува
    • Ѓорѓиевски: Граѓаните може да пријавуваат диви депонии и оштетени контејнери преку „ЕкоСкопје“
    • Кривична за Јани Макрадули за 10 милиони денари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Добри вести: Вонредно намалување на цената на дизелот во Македонија

    Добри вести: Вонредно намалување на цената на дизелот во Македонија

    20.10.2026 во 13:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Компанијата ОКТА информира дека од денеска овозможува попуст на сите свои добавувачи за дизел гориво кој ќе изнесува 2 денари по литар. Информацијата ја потврди компанијата преку официјално соопштение.

    “Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

    Попустот ќе се применува на продажбата на дизел гориво што ОКТА го испорачува на трговците со горива на големо и мало. Учесниците на пазарот и понатаму самостојно ќе ги утврдуваат конечните малопродажни цени, во согласност со своите комерцијални политики и актуелните пазарни услови.

    Оваа иницијатива е дел од серијата таргетирани мерки за поддршка кои ОКТА ги спроведува од март 2026 година, со цел да придонесе кон ублажување на влијанието на нестабилноста на меѓународните пазари и за поддршка на стабилноста и конкурентноста на домашниот пазар на горива.

    Со најновата иницијатива, вкупната вредност на досегашната поддршка, која ОКТА ја обезбедува за домашниот пазар од март 2026 година, се очекува да достигне приближно 8 милиони евра. Со ова,компанијата уште еднаш ја потврдува својата посветеност на поддршката на потрошувачите, бизнисите и пошироката економија во периоди на зголемена нестабилност на пазарите.“ – информираат од компанијата.

    ОКТА ги снабдува над 80% од бензинските станици во Македонија вклучувајќи ја и најголемата мрежа на Макпетрол

    Дизелот вчера поскапи за 2 денари по литар и достигна до 99 денари. Сега со намалувањето, цената се враќа на исто ниво како пред поскапувањето.

    Прочитај повеќе

    Радески: Изборите во Брвеница уште еднаш покажа дека СДСМ е единствената вистинска опозиција во Македонија

    20.10.2026 во 13:36

    Николоски и Лукровски договорија нови проекти за Карпош: Општината добива поддршка од 11 милиони евра

    20.10.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.