Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Деца по полноќ си седеле во кафуле: Полицајците ги собраа и им ги предадоа на родителите
    • Илон Маск нe штеди: Секое дете во Америка ќе добие акција од SpaceX
    • Пукотници во Сарај
    • Ја силувал сопругата, па ја претапал и ќерка му: 37-годишник заврши зад решетки
    • Градежна офанзива во Илинден – жителите ќе возат по нови асфалтирани улици
    • МНР повика претставник од бугарската амбасада: Изјавите на бугарскиот амбасадор и министер се оценуваат како мешање во внатрешните работи
    • (ВИДЕО) Спасовски: СДСМ нема да го поддржи Законот за административни службеници – отвора простор за политички притисок
    • Охрид СОС со остри обвинувања: Уништени 17.000 квадрати државно земјиште во Галичица – надлежните молчат три години
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски за рудникот во Крива Паланка: „Појдете и прашајте ги луѓето“

    Мицкоски за рудникот во Крива Паланка: „Појдете и прашајте ги луѓето“

    29.09.2026 во 10:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски, во гостувањето во емисијата „Под лупа“ на ТВ „Алфа“, говорејќи за владините инвестиции и критиките од опозицијата, ја обвини СДСМ дека шири, како што рече, невистини и се спротивставува на отворањето рудници.

    Мицкоски порача дека наместо да се критикуваат проектите, треба да се слушне мислењето на граѓаните од Крива Паланка, како и на локалната власт.

    „Ќе си измислат тема – овие се за податочен центар, ќе ни ја земат водата, струјата… Луѓето коишто ја разбираат оваа проблематика се смеат. Си измислија тема за антимонот. Појдете во Крива Паланка и прашајте ги луѓето“, рече Мицкоски.

    Тој посочи дека Крива Паланка е рударски крај и дека таму се наоѓа рудникот „Тораница“, за кој рече дека сега е ставен во функција.

    Премиерот додаде дека градоначалникот на Крива Паланка го контактирал со барање за помош околу решавањето на проблемот, бидејќи, како што наведе, без егзистенција би можеле да останат стотици или илјадници семејства, што дополнително би ја зголемило миграцијата од градот.

    Мицкоски оцени дека Владата треба да продолжи со реализација на својата програма и проекти, додека граѓаните на избори ќе имаат можност да го дадат својот став.

    „Што и да правиме, тие ќе си ја кажуваат својата лага, својата измислица – живеат во тој паралелен свет. Тие своето, ние своето. На крајот од денот ќе има избори, па граѓаните ќе одлучат“, рече премиерот.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Деца по полноќ си седеле во кафуле: Полицајците ги собраа и им ги предадоа на родителите

    19.10.2026 во 14:25

    Пукотници во Сарај

    19.10.2026 во 14:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.