Close Menu
Press24
    Најново

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МНР повика претставник од бугарската амбасада: Изјавите на бугарскиот амбасадор и министер се оценуваат како мешање во внатрешните работи
    • (ВИДЕО) Спасовски: СДСМ нема да го поддржи Законот за административни службеници – отвора простор за политички притисок
    • Охрид СОС со остри обвинувања: Уништени 17.000 квадрати државно земјиште во Галичица – надлежните молчат три години
    • Потпишан План за здравствена соработка меѓу Македонија и Бугарија: Клековски и Ивкова во Софија договорија заеднички проекти
    • Берзите здивнаа: Укинувањето на руските санкции од страна на Трамп го спречи нафтениот шок
    • Регулаторна одлучи: Од полноќ дизелот повторно ќе биде поскап од бензинот
    • МОН воведува реформи за иднината на младите: Функционални регистри за кариерни советници во училиштата
    • Удрил во 8-годишно дете кое минувало улица на пешачки премин и веднаш избегал од местото на несреќата: МВР со детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МНР повика претставник од бугарската амбасада: Изјавите на бугарскиот амбасадор и министер се оценуваат како мешање во внатрешните работи

    МНР повика претставник од бугарската амбасада: Изјавите на бугарскиот амбасадор и министер се оценуваат како мешање во внатрешните работи

    19.10.2026 во 13:512 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, беше повикан претставник на Амбасадата на Република Бугарија, кој во отсуство на амбасадорот ја извршува функцијата вршител на работи, информираат од ресорното министерство.

    На средбата беше изразено незадоволство од неодамнешната изјава на министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Иван Демерџиев, во врска со случајот со Ива Михајлова, која беше оценета како навредлива и провокативна. Воедно, беше изразено незадоволство и од изјавата на амбасадорот Желјазко Радуков за бугарската телевизија БТВ, која ја оценуваме како директно мешање во внатрешните работи на нашата држава, имајќи ги предвид изнесените квалификации во однос на работата на надлежните институции, велат од МНР.

    Оттаму дополнуваат дека од наша страна било посебно нагласено дека ваквите провокации го оддалечуваат билатералниот дијалог од рамката во која треба да се развиваат добрососедските односи – врз основа на меѓусебно почитување, воздржаност и конструктивна комуникација.

    Во тој контекст, беше укажано дека ваквото однесување може да наметне потреба од соодветна институционална реакција согласно со одредбите на Виенската конвенција за дипломатски односи, која јасно ги утврдува рамките на дипломатското дејствување и принципот на немешање во внатрешните работи на државата на прием. На крајот од средбата уште еднаш беше нагласена нашата посветеност на развојот на добрососедските односи, засновани на меѓусебно почитување, доверба и европски принципи, при што истата посветеност и одговорност ја очекуваме и од бугарската страна, велат од МНР.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Спасовски: СДСМ нема да го поддржи Законот за административни службеници – отвора простор за политички притисок

    19.10.2026 во 13:45

    Охрид СОС со остри обвинувања: Уништени 17.000 квадрати државно земјиште во Галичица – надлежните молчат три години

    19.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.