Close Menu
Press24
    Најново

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Времето денеска покажува заби: Само 2 степени измерени во 14 часот

    17.10.2026 во 14:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МОН воведува реформи за иднината на младите: Функционални регистри за кариерни советници во училиштата
    • Удрил во 8-годишно дете кое минувало улица на пешачки премин и веднаш избегал од местото на несреќата: МВР со детали
    • Загрижена мајка јавно раскажа: Со ќерка ми не нападнаа улични кучиња – едвај се спасивме
    • Мицкоски: И покрај сите шпекулации струјата нема да поскапи
    • Рама ги освежи полицајците: По 2.500 евра за сите во првата линија на протестите
    • Ќе има поголема транспаретност каде се трошат буџетските пари: Усвоен законот за државна ревизија
    • Тешка сообраќајка: Пензионер прегази 21-годишен пешак
    • Министерот за правда: Решението за јазикот на кој ќе се полага правосуден не се носи зад затворени врати – туку преку дијалог
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МОН воведува реформи за иднината на младите: Функционални регистри за кариерни советници во училиштата

    МОН воведува реформи за иднината на младите: Функционални регистри за кариерни советници во училиштата

    19.10.2026 во 13:223 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за образование и наука работи на унапредување на образованието, развивање современи компетенции кај учениците и воспоставување функционален систем за кариерно советување, кој ќе им помогне на младите да ги препознаат своите потенцијали и да донесат информирани одлуки за изборот на образование и професија. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска во обраќањето на настанот организиран од ИНОВА, посветен на запознавање на средношколците со реалниот деловен свет, современите професии, можностите за развој на сопствен бизнис и вештините што се потребни за успех во динамичното деловно опкружување.

    „Добро е да имаме што повеќе настани кои на младите им ги отвораат вратите кон иднината. Овој е еден од нив. Благодарност до тимот на ИНОВА што им овозможува на средношколците директна средба со светот на иновациите и претприемништвото и ги поттикнува да ги откријат своите интереси и таленти“, рече Јаневска.

    Таа посочи дека брзиот технолошки развој, вештачката интелигенција, зелените иновации и дигиталната трансформација создаваат нови можности, но истовремено поставуваат и нови барања во однос на знаењата, вештините и квалификациите што им се потребни на младите за успешно да се вклучат на пазарот на трудот. Во таа насока, Министерството спроведува реформи насочени кон усогласување на образованието со современите потреби на општеството и економијата.

    Од оваа учебна година, над 10.800 ученици во прва година средно стручно образование учат според модернизирани наставни програми, во кои се интегрирани СТЕМ-компетенциите, зелените и дигиталните вештини во сите струки. За поддршка на спроведувањето на реформата, обучени се 569 наставници, а дополнително е зајакната соработката со приватниот сектор. Кариерното советување е вториот важен сегмент во поддршката на младите. Министерката укажа дека преку измените на регулативата за основно и средно образование и соодветните подзаконски акти, кариерното советување во училиштата е системски регулирано.

    Воспоставени се два регистра: Регистар на координатори за професионална ориентација на учениците во основните училишта и Регистар на кариерни советници во средните училишта. Во нив се впишуваат стручни соработници и кариерни советници кои поминале соодветни обуки и се оспособени да им обезбедат на учениците ефективна поддршка при изборот на понатамошното образование и професионалниот развој.

    „Не ни е целта само да ја оствариме Реформската агенда на хартија, туку да создадеме функционален систем на кариерно советување што вистински ќе им помага на младите да го пронајдат својот пат“, рече министерката Јаневска. Изрази очекување дека искуствата и примерите на успешните професионалци со кои средношколците ќе имаат можност да се запознаат на настанот, ќе бидат дополнителна инспирација за нивниот личен и професионален развој, како и поттик својата образовна и професионална иднина да ја градат во земјава.

    Прочитај повеќе

    Удрил во 8-годишно дете кое минувало улица на пешачки премин и веднаш избегал од местото на несреќата: МВР со детали

    19.10.2026 во 13:20

    Загрижена мајка јавно раскажа: Со ќерка ми не нападнаа улични кучиња – едвај се спасивме

    19.10.2026 во 13:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.