Close Menu
Press24
    Најново

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Времето денеска покажува заби: Само 2 степени измерени во 14 часот

    17.10.2026 во 14:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ќе има поголема транспаретност каде се трошат буџетските пари: Усвоен законот за државна ревизија
    • Тешка сообраќајка: Пензионер прегази 21-годишен пешак
    • Министерот за правда: Решението за јазикот на кој ќе се полага правосуден не се носи зад затворени врати – туку преку дијалог
    • Драма во Градец: Група селани се испокарале, па се испотепале
    • СДСМ: Не сме задоволни со резултатот во Брвеница – задоволни сме што паѓа ВМРО
    • Минчев: Јавната администрација се гради со луѓе со знаење – мора да одговорат на потребите на граѓаните
    • Големи промени во платниот промет: Македонската банкарска асоцијација најавува нови правила од ноември
    • Падна одлука: Кризната состојба со нафтата продолжена уште половина година
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ќе има поголема транспаретност каде се трошат буџетските пари: Усвоен законот за државна ревизија

    Ќе има поголема транспаретност каде се трошат буџетските пари: Усвоен законот за државна ревизија

    19.10.2026 во 13:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собранието денеска го изгласа Законот за државната ревизија, којшто претставува значаен чекор во натамошното унапредување на системот на јавните финансии, јакнењето на институционалната независност на  Државниот завод за ревизија и зголемувањето на отчетноста и транспарентноста во управувањето со јавните средства.

    Основната цел на Предлог законот е да се создаде појасна, посовремена и поефикасна законска рамка за вршење на државната ревизија, усогласена со меѓународно прифатените стандарди и принципи за работа.

    Предложениот закон воспоставува посовремена рамка за функционирање на Државниот завод за ревизија, со посилен акцент на неговата независност, професионалност, транспарентност и квалитетот на ревизорската работа, велат од Министертвото за финансии.

    Крајната цел е државната ревизија да има уште посилен придонес кон законско, економично, ефикасно и ефективно користење на јавните средства, како и кон поголема отчетност на институциите пред Собранието и пред граѓаните.

    Една од клучните новини на Законот е  во насока на дополнителното зајакнување на независноста на Државниот завод за ревизија. Со Предлог-законот јасно се утврдува дека ДЗР самостојно и независно одлучува кои ревизии и кои субјекти ќе бидат вклучени во Годишната програма за работа.Исто така Предлог-законот го прецизира и опсегот на државната ревизија. Покрај институциите и другите субјекти кои располагаат со јавни средства, се предвидува можност за ревизија и кај субјекти поврзани со субјектите на ревизија, кога постои економски, финансиски или друг вид интерес и кога се користат средства кои претставуваат јавни расходи.

    Значајни новини се предвидуваат и во однос на изборот и статусот на главниот државен ревизор и неговиот заменик, во насока на зајакнување на професионалните критериуми за избор и се прошируваат и надлежностите на главниот државен ревизор. Посебно внимание е посветено и на професионализацијата на Државниот завод за ревизија и развојот на човечките ресурси.

    Важен сегмент од реформата е и зајакнувањето на транспарентноста и следењето на ефектите од државната ревизија. Со Предлог-закон се посветува внимание и на следењето на степенот на спроведување на дадените препораки кое се поставува како јасно дефинирана постапка. Ова особено од причина што  крајната цел на државната ревизија не е само да ги констатира слабостите, туку да придонесе тие да бидат отстранети и да се подобри управувањето со јавните средства.

    Прочитај повеќе

    Големи промени во платниот промет: Македонската банкарска асоцијација најавува нови правила од ноември

    19.10.2026 во 12:32

    Мицкоски: Можно е да договориме 2 денари поевтин дизел

    19.10.2026 во 11:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.