Close Menu
Press24
    Најново

    Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија

    28.10.2026 во 15:59

    Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС

    28.10.2026 во 15:49

    Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

    28.10.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
    • Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена
    • Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво
    • ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
    • Кражба во охридски хостел: Египќанец украл телефон и пари од гости, па приведен на автопатот Тетово – Скопје
    • Мицкоски: Сите потврдија дека сме земја со најголем раст во регионот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Рама ги освежи полицајците: По 2.500 евра за сите во првата линија на протестите

    Рама ги освежи полицајците: По 2.500 евра за сите во првата линија на протестите

    19.10.2026 во 13:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Албанскиот премиер Еди Рама најави итна парична награда од 2.500 евра за секој полициски службеник кој беше ангажиран во справувањето со насилните протести во Тирана. Во исто време, тој предупреди на строги мерки и одговорност за родителите чии малолетни деца учествуваат во инциденти и уништување на имот.

    Обраќајќи им се на припадниците на полицијата, Рама нагласи дека државните служби се соочуваат со голем притисок и неправедни напади во јавноста, поради што владата одлучила директно да ги награди за нивната пожртвуваност и храброст на терен.

    „За целиот отпор, за целата жртва, за целата храброст и, пред сè, за достоинството со кое се соочувате… веднаш ќе ви ставиме на располагање износ од 2.500 евра за секој полицаец кој е на овој фронт“, истакна премиерот Рама, најавувајќи и значајно зголемување на платите со новиот буџет од 1 јануари.

    Во Тирана денеска се одржува седмиот по ред протест, кој започна со студентски бунт на 13 октомври и прерасна во насилни демонстрации. По повод ескалацијата на протестите, Рама упати јасна порака до јавноста и родителите.

    „Протестите се право, додека насилството е кривично дело, и оваа црвена линија ќе биде повлечена цврсто во оваа критична фаза од нашиот демократски развој“, порача тој, додавајќи дека родителите ќе сносат целосна одговорност и ќе ја платат штетата доколку нивните малолетни деца учествуваат во акти на насилство и вандализам.

    Прочитај повеќе

    Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС

    28.10.2026 во 15:49

    Напаѓачот претходно бил депортиран од Германија – Нови детали за терористичкиот напад во Белград

    28.10.2026 во 11:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.