На 18.10.2026 во 09:50 чaсот во СВР Скопје М.И. пријави дека околу 09:30 часот во близина на маркет во с.Сарај, додека бил со патничко возило „туран“, кон него било пукано од огнено оружје од страна на едно лице.
-Веднаш по пријавата на местото на настанот пристигнале полициски службеници од СВР Скопје, при што биле пронајдени четири чаури од пиштолска муниција. Од оштетениот прозорец од возилото М.И. се здобил со повреда на раката, информира МВР.
Известена е екипа на Итната медицинска помош. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

